Европскиот пазар и натаму во минус, Peugeot и Fiat со најголем пад

Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина
Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина

Продажбата на нови автомобили во Европа и во јуни заостанува зад ланскиот резултат, но разликата е помала отколку во мај. Производителите се различно погодени од кризата.

Европскиот автомобилски пазар и во јуни останува под силно влијание на пандемијата. Во ЕУ се регистрирани вкупно 949.722 нови патнички автомобили. Тоа е за 22,3 проценти помалку од истиот месец лани. Пазарот во мај беше преполовен, како резултат од влошувањето на корона-кризата во април. Со укинувањето на дел од заштитните мерки во бројни држави и со повторното отворање на салоните за автомобили, во јуни е помал минусот. Но, пазарот уште не е заздравен целосно.

Поради корона-кризата, сите пазари во ЕУ забележија голем пад. Исклучок е Франција. Единствено таму пазарот порасна за 1,2 процент. Тоа е резултат од мерките што ги воведоа француските власти со цел да се поттикне продажбата на возила со ниска емисија на штетни материи. Останатите поголеми пазари во Европа, меѓу кои Шпанија (минус 36,7 проценти), Германија (минус 32,3 проценти) и Италија (минус 23,1 проценти), остануваат во двоцифрен минус.

Toyota со најмал пад во продажбата со минус 27,9%, најголем пад кај Mazda и Honda со над 50%

Сите автомобилски марки се погодени од кризата, иако некои во поголема мера од другите. Концернот Volkswagen продал за 24,8 проценти помалку возила во јуни, BMW заедно со својот Mini има пад од 18,9 проценти, додека кај Daimler пазарот е намален за 16 проценти. наспроти тоа, падот кај францускиот Peugeot SA, вклучувајќи го Opel, изнесува 28,3 проценти. Итало-американскиот Fiat Chrysler исто има поголем пад, со 28,4 проценти во минус. Ситуацијата кај Renault е понадежна, со задржување на падот на само 15,7 проценти.

Од почетокот на годината, пазарот на нови автомобили во Унијата има регистрирано 38,1 проценти помалку возила во споредба со лани. Вкупно се регистрирани 4,28 милиони патнички автомобили. Од четирите најважни пазари во ЕУ (порано беа пет, со Велика Британија), Шпанија во првото полугодие има најголем пад (минус 50,9 проценти), следат Италија (минус 46,1 проценти) и Франција (38,6 проценти), а по нив и Германија со 34,5 проценти помалку возила во првите шест месеци од годината.

Заедно со земјите од ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Исланд) и Велика Британија, пазарот има вкупно 1.131.843 новорегистрирани автомобили или за 39,5 проценти помалку од првото полугодие лани.

https://datawrapper.dwcdn.net/Mjjcb/1/

Претходна објаваГрупацијата на Peugeot и Fiat ќе го носи името Stellantis
Следна објаваWebasto нуди филтерски туби за поставување во автобуси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here