за

Групацијата на Peugeot и Fiat ќе го носи името Stellantis

Групацијата на Peugeot и Fiat ќе го носи името Stellantis
Групацијата на Peugeot и Fiat ќе го носи името Stellantis

Додека се подготвува здружувањето меѓу Peugeot S.A. и Fiat Chrysler Automobiles, новите партнери на автомобилската сцена денес објавија дека корпоративното име на нивната групација ќе гласи Stellantis.

Зборот Stellantis влече корен од латинскиот глагол „stello“, што значи „да се просвлетли со ѕвездите“. Името ќе се користи исклучиво на ниво на групација, како корпоративен бренд. Следниот чекор ќе биде откривање на логото со името, што ќе го претставува идентитетот на корпоративниот бренд. Имињата и логоата на марките што влегуваат во составот на групацијата Stellantis не се менуваат.

Здружувањето се очекува да биде комплетирано во првото тромесечје од 2021 година. Тоа ќе зависи и од моментната истрага што ја водат институциите на ЕУ, со цел да се спречи евентуалниот монопол на Peugeot и Fiat на пазарот на доставни возила, кој значително би им наштетил на останатите производители во овој пазарен сегмент.

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GT Black Series

Mercedes за колекционери што обожуваат трки

Ангела Меркел, Германија, Volkswagen, можеме да постигнеме голем напредок во насока на подобрување на подносливоста за животната средина

Европскиот пазар и натаму во минус, Peugeot и Fiat со најголем пад