за

Volkswagen Taigun е чекор поблиску до сериски модел

Германците реагираа на одговорот од публиката за идниот теренец на Volkswagen и направија неколку измени во возилото, кое сега доживува премиера во Делхи.

Меѓу промените во последната фаза на развој на концептниот автомобил се опфатени задниот капак и положбата на резервното тркало. Капакот сега е дводелен, со долен дел што се отвора странично и стакло со отворање нагоре, додека резервното тркало е закачено однадвор на долниот дел, во стил на класичните теренци. Во десното задно светло е сокриена рачката за отворање на задниот капак. Новата положба на резервното тркало сепак им донесе и нови проблеми на дизајнерите: Стаклениот дел од капакот се отвора само ако претходно се отвори и долниот дел.

vw taigun 2

Volkswagen планира да го претстави малечкиот теренец на основа на моделот Up кон крајот на следната година, за продажбата на светскиот пазар да започне веќе во 2016 година, по цена за основниот модел од околу 16.000 евра. Во понудата на мотори ќе се најдат трицилиндарски TSI со 110 КС, уште две верзии на бензински мотори, еден дизел и една верзија со погон на метан, како и изведба со погон на етанол, специјално за пазарите во Јужна Америка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Kia GT4 Stinger ќе почека подолго: Прва е на ред Kia GT

Skoda Vision C во Женева: Така ќе изгледа идниот Superb