за ,

Skoda Vision C во Женева: Така ќе изгледа идниот Superb

Чешката марка го подготвува Superb за замена. Знаменосецот на Skoda во иднина ќе изгледа многу подинамично, барем тоа го ветуваат првите цртежи од моделот.

Студискиот автомобил најавен за претстојниот салон во Женева е во форма на купе лимузина со четири врати и настапува многу поагресивно од актуелните модели на марката, особено со острите рабови на каросеријата и тесните светла со светлечки диоди и налутен поглед. Повеќето елементи од дизајнот ќе ги видиме во новото издание на знаменосецот на Skoda, чија што премиера се очекува во 2015 година. Superb во иднина ќе ја користи продолжената верзија на платформата на новиот Passat. Мала е веројатноста дека верзијата со купе лимузинска каросерија како кај студијата ќе им се придружи на вообичаената лимузинска и комби изведба, тоа би ги загрозило сопствените модели VW Passat CC и Audi A5 Sportback на концернот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Taigun е чекор поблиску до сериски модел

Honda Civic со новитети во моделското годиште 2014