Дизајнерите му доделија дури две награди на електричниот ID.3 во овогодишниот дизајнерски натпревар за автомобилските марки. Меѓу победниците не отсуствуваат ниту новиот Golf, како и концептот ID. Space Vizzion.
Марката Volkswagen се покажа во одлично светло на „Automotive Brand Contest 2020“ и победи во пет категории во подрачјето на автомобилскиот дизајн. Електричниот ID.3 го понесе највисокото одликување „Best of Best“ во две категории. Меѓу останатите носители на награда, секако е новиот Golf, а покрај него и студијата ID. Space Vizzion. Овој „натпревар на автомобилските марки“ е единствен и независен натпревар за автомобилските марки во подрачјето на дизајнот, во светски рамки.
ID.3 освои награда „Best of Best“ во категориите за каросериски дизајн за големосериски марки, исто како и за дизајн на ентериер во конкуренција на големите проиводители. Клаус Бишоф, првиот човек за дизајн во германскиот концерн: „ID.3 за нас е пресвртница во нова ера на мобилноста. Во исто време, тој е пресвртница во дигиталната ера на дизајнот, во којашто сакаме да создадеме најдобро можно корисничко искуство со најнови работни постапки, по виртуелен пат и со тимски ангажман.“
Одлкикувањето од жирито ни покажува дека сме на вистинскиот пат
Клаус Бишоф, шеф за дизајн во концернот Volkswagen
Новиот Golf, во својата осма генерација, исто така се најде меѓу победниците. Тој е прогласен за „Winner“ во истите две категории како електричниот ID.3, односно едно скалило под „Best of Best“. Седмиот член од семејството ID е „Победник“ во категоријата на концептни автомобили.
Манифестацијата „Automotive Brand Contest“ се одржува од 2011 година и користи финансиска поддршка од организацијата „Rat für Formgebung“. Интердисциплинарното жири вклучува претставници од медиумите, дизајнот, индустријата, образованието и архитектурата.

















