Volkswagen Golf 8 започнува со продажба во Македонија

volkswagen golf 8
volkswagen golf 8

Еден од најважните настани на годината, во салонот на Volkswagen во Скопје. Започнува продажбата на осмата генерација на Golf, за кого што во Порше Македонија наведуваат дека станува збор за најпрогресивниот модел досега.

Од денес официјално зашочнува продажбата на новиот Golf во Македонија. На почетокот на продажбата, понудата од мотори се состои од два бензински и два дизел мотори. Стартот во гамата го одбележува Golf 1.5 TSI со 150 КС и шестстепен мануелен менувач, кој во комбинација со ниво на опрема Life чини 25.458 евра. Истиот мотор е достапен и во изведба на благ хибрид 1.5 eTSI, кој стандардно вклучува седумстепен менувач со двојна спојка. Цената за оваа моделска изведба, исто така со нивото Life, изнесува 28.842 евра.

Дволитарски дизел стои на располагање во изведба со 115 КС и мануелен менувач, како и во варијанта со 150 КС, кадешто седумстепен менувач со двојна спојка следи стандардно. Цената во првиот случај изнесува 26.780 евра, додека за посилната варијанта се потребни 31.417 евра. Во двата случаи станува збор за нивото Life.

Верзиите на TSI и TDI со 150 КС се достапни и во повисокото ниво на опрема Style. Во тој случај, цената за 1.5 eTSI изнесува 31.373 евра, односно 33.539 евра за 2.0 TDI. Менувач DSG поседуваат двете моделски изведби.

https://photos.app.goo.gl/toaS3XJUtdegP51bA

Како импортерски стандард, односно како опрема што Порше Македонија дополнително ја вградува над стандардните нивоа на опрема, во верзијата Life доаѓаат систем за следење лента и контрола на мртвите агли, преклопливи ретровизори, радарски темпомат, самостојно запирање при опасност од судир – вклучувајќи препознавање пешак или велосипедист, сензор за дожд, автоматско долго светло и уште неколку ставки.

Во повисокото ниво Style, коешто го заменува претходното топ-ниво Highline, македонскиот увозник вградува електрично местење на возачкото седиште, понапредно ниво на радарски темпомат со способност за целосно запирање и самостојно поаѓање при возење во колона, како и навигација со дисплеј од 10 инчи, со говорни команди и уште цела низа нови функции.

Изјави на менаџерите на Порше Македонија за премиерата на Golf 8:

Во текот на седумте генерации, Golf импресионираше повеќе од 35 милиони клиенти. Целата автомобилска индустрија очекува – а и знае – дека новиот Golf ќе ги постави стандардите во класата.
Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија

Овој автомобил е целосно нов. Но, секако, Golf секогаш останува Golf. Бидејќи основниот концепт е безвременски. Овој автомобил го дефинира нашиот бренд со децении. Golf постојано ги прави најкорисните нови технологии достапни за сите.
Владимир Димитровски, бренд менаџер на Volkswagen

Во светот каде сложеноста постојано се зголемува, новиот Golf му дозволува на возачот да се опушти и интуитивно и лесно да управува со возилото.
Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen

 

Претходна објаваРеклама за електричниот Opel запрена поради погрешно наведен досег
Следна објаваPorsche Taycan или автомобилот што ги поврзува Golf и ID.3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here