за

Реклама за електричниот Opel запрена поради погрешно наведен досег

Opel Ampera-e doseg
Opel Ampera-e doseg

Opel во Холандија доби забрана за емитување на рекламата во којашто се наведува дека електричната Ampera-e може со едно полнење да мине пат од Амстердам до Мастрихт и назад, благодарение на нејзиниот „безгрижен досег“.

Жител на холандскиот град Лелистад се пожалил до комисијата за радиодифузија, бидејќи бил разочаран од реалниот досег со својот електричен Opel. Токму досегот што производителот го наведува во својата реклама за Ampera-e бил причина за Холанѓанецот да се реши за конкретниот модел во декември.

По сослушувањето во врска со случајот, комисијата за радиодифузија се повикала на тестирањето од страна на еден холандски портал, што го проверил досегот на Opel Ampera-e во реални услови. На тестирањето дали електричниот автомобил може да мине пат од Амстердам до Мастрихт и назад, се покажало дека тоа е невозможно да се постигне со само едно полнење на батеријата.

„Досегот зависи од температурата, од користењето на климата, од однесувањето на возачот“

Во реакцијата од холандското претставништво на Opel било посочено дека рекламираниот досег на Ampera-e се однесува на податокот што е пресметан во согласност со нормата WLTP и тој изнесува 423 километри. „Досегот може да се разликува од службените податоци и истиот зависи од температурата, од електричните функции, како што е климатизацијата, од однесувањето на возачот и од регенерацијата за време на возењето. Во зимски услови, досегот честопати е помал од службено наведениот податок. Тој во одредени услови може да биде и повисок од официјалниот податок“, се наведува во соопштението од производителот.

Комисијата оцени дека во рекламата на Opel нејасно се укажува на фактот дека наведениот досег важи за стандардни услови. Поради тоа, марката повеќе не може да ја користи рекламата со истата содржина. Холандското престставништво може да поднесе жалба до 5-ти март. Opel веројатно нема да ја обнови рекламата за Ampera-e, кој се продава само од залиха.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford kuga efikasnost 1

Потрошувачката на новата Ford Kuga е намалена до 30 проценти

volkswagen golf 8

Volkswagen Golf 8 започнува со продажба во Македонија