Porsche отвори поп-ап салон во Штутгарт

Porsche отвори поп-ап салон во Штутгарт
Porsche отвори поп-ап салон во Штутгарт

Спортската марка отвори привремен салон во трговски центар во Зинделфинген, близу Штутгарт. Предноста наспроти класичните салони е во неговото поставување таму кадешто има најголема фреквенција на луѓе. „Porsche Now ќе биде поставен таму до крајот на годинава.

Во трговски центар во гратчето Зинделфинген, во непосредна близина на Штутгарт и на самото седиште на компанијата, Porsche отвори поп-ап салон под името Porsche Now. Поставен на место кадешто има најголема раздвиженост, овој концепт на салон има за цел да допре директно до новите целни групи и да го привлече нивниот интерес за марката.

Привремениот салон на Porsche ќе биде поставен во центарот Бројнингерланд докрајот на годината и во него ќе може да се заврши процедурата околу купување автомобил исто како во обичен салон.

Преку Porsche NOW ја носиме понудата пред нашите клиенти, а не обратно. Во релаксирана, урбано уредена атмосфера, сакаме да им се обратиме на целните групи, кои досега имале малку допирни точки со марката Porsche или групи што се двоумеле за посета на класичен салон

Александер Полих, директор на Porsche Deutschland GmbH

Привремениот салон има површина од 170 метри квадратни и се одликува со отворен, модерен стил, како и со различни тематски светови. Секако дека во центарот се наоѓа електричниот Porsche Taycan. Некои модели се прикажани во дигитален формат. Посетителите можат на лице место да го конфигурираат автомобилот од своите соништа и потоа да го погледнат преку унапредена реалност или VR-очила.

https://www.instagram.com/p/CAH7gdEHpuj/

Во Зинделфинген е поставен моментно шестиот поп-ап салон на Porsche, во текот на годината ќе се отвораат слични концепти и на други локации ширум Европа и Азија

Посебно внимание е посветено на заштитните мерки во услови на корона-пандемијата. Се користи нов систем од медицинската техника, што го пречистува воздухот од вируси, бактерии и миризби.

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Претходна објаваKia до април продала близу 7.000 електрични автомобили во Европа
Следна објаваVolkswagen ID.3 освои награди за дизајн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here