Странските производители го губат тлото на кинескиот автомобилски пазар

Концептот Бјујк Електра ГС беше прикажан на авто-салонот во Шангај во април. Се предвидува дека странските марки сé повеќе ќе го губат тлото до 2030 година.

Во студијата се наведува дека домашните марки до 2030 година ќе владеат со 76 проценти од пазарот, на сметка на делот од пазарот на производителите од Јапонија, Европа и САД.

Аналитичарите на Аликс Партнерс ценат дека ќе продолжи жестоката ценовна војна, што веќе подолго време се води на кинескиот пазар, и покрај тоа што конкуренцијата притиска сé посилно.

Место да огласуваат попусти за своите модели, производителите на автомобили ќе продолжат да нудат „сокриени“ колачи за купувачите, стои во извештајот. Тоа може да бидат платено осигирување, безкаматни кредити или опремување на возилата со напредни системи за асистенција, без каква било доплата.

Точно тоа е најновата стратегија на пазарниот водач БИД, кој во февруари соопшти
дека нивниот напреден систем за асистенција „Божјо око“ ќе биде стандард во 21 модел на марката, вклучувајќи ги основните модели.

БИД беше предводник и во последниот круг на попусти, коишто во мај достигнаа и до 34 проценти, за 22 модели со електричен или приклучен хибриден погон.

Уделот на странските производители во Кина

Кинеската автомобилска индустрија, којашто во минатото беше зависна од инвестициите на странските компании, се трансформираше за кусо време. За тоа помогна и силната поддршка од владата, како и вложувањето во модели со електрифициран погон. Како што растеа домашните марки, се потиснуваа странските производители.

Групацијата Фолксваген и Џенерал Моторс, кои во минатите години масовно вложуваа во Кина, изгубија голем дел од пазарот што им припаѓаше во минатото.

Соочени со забавена продажба на домашниот пазар и со огромни капацитети што станаа неискористени, кинеските производители почнаа да работат на пробив на светските пазари.

Кинеските автомобилски марки се на пат да освојат 10 проценти од пазарот во Европа до 2030 година. Тоа значи дополнителна продажба на 800.000 автомобили, што може значително да ја смени автомобилската индустрија во регионот,

Во Кина, батериските електрични автомобили во 2030 година ќе покриваат 50 проценти од пазарот. На возилата со мотор со внатрешно согорување, што во моментов држат половина од пазарот, на завршетокот на деценијава ќе им останат само 19 проценти, предвидуваат експертите.

Претходна објаваVolkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера
Следна објаваРено и Стелантис бараат ЕУ да ги попушти законите и да овозможи евтини автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here