Рено и Стелантис бараат ЕУ да ги попушти законите и да овозможи евтини автомобили

Европските производители бараат ЕУ да ги попушти стандардите за нова категорија евтини возила по пример на јапонските микро-автомобили (на сликата Nissan Sakura)

Додека кинеските производители на автомобили притискаат сé посилно на европскиот пазар, Рено и Стелантис лобираат ЕУ да воведе посебна категорија на малечки автомобили, за којашто ќе важат поблаги закони во поглед на безбедносната опрема, со цел да се постигне пониска цена.

Во последните два месеци, претседателот на Стелантис, Џон Елкан, и извршниот директор на Рено во заминување, Лука де Мео, почнаа јавна кампања, за Европската Унија да почне да размислува за барањата на автомобилските коцнерни.

Целта е да се врати во живот сегментот на малечките автомобили, што производителите на автомобили масовно го напуштија, поради тоа што производството на такви автомобили им стана неисплатливо. Производителите за тоа ги обвинуваат законите, што направија автомобилите да стануваат сé поголеми, сé потешки и поскапи.

Елкан во минатата недела напомена дека на Европа ѝ се потребни микро-автомобили по пример на Јапонија, коишто ќе бидат малечки и наменети за град, со ограничување на големината на каросеријата и на моторот, како основа за тие возила да можат да подлежат на пониски даноци и давачки (осигурување, регистрација и сл). Европските менаџери ќе ги водат тие автомобили како „е-кар“

„Не постои причина за Јапонија да има кеи-карс, коишто сочинуваат 40 проценти од пазарот, а Европа да нема е-кар,“ изјави Елкан на конгресот во Торино. Тоа е во иста насока со претходните коментари на Лука де Мео од Рено.

Иако Де Мео си заминува од Рено во јуни, компанијата би требало да продолжи со поддршка на таа идеја.

„Малечките автомобили се шанса за раст, што не може и не смее да се игнорира во моментов,“ кажа Франсоа Провост, директор за партнерства и комуникација на Рено.

Кинеските соперници им посветуваат внимание на градските автомобили

Кинеските ривали досега посветуваа внимание на големите ЕВ и на хибридите, во обид да го зголемат своето присуство на пазарот во Европа. Но, на пат се и помали ЕВ.

Долфин Сурф од кинескиот БИД почна да се продава во минатиот месец со цена под 20.000 евра. Меѓу посебностите спаѓа и големиот дисплеј во кокпитот, што може да се ротира.

Тест на Аутомедиа: Дали Киа Стоник е најдобриот избор до 20.000 евра?

За споредба, Рено 5, којшто е со слична големина и има место за 5, место за 4 патници, чини околу 5.000 евра повеќе со споредливо ниво на опременост.

Соочувајќи се со тој притисок, европските производители на автомобили проверуваат дали постои можност за да произведуваат поевтини автомобили, што ќе им ја зголеми продажбата и ќе им овозможи да ги исполнат таргетите за ЦО2, вели Флавиен Нуви, аналитичар и главен истражувач во Сетелем.

„Пазарот е опаднат за 20 проценти во споредба со 2019 година, така што нема доволно место за сите, а Кинезите доаѓаат,“ коментира Нуви.

Иако малечките автомобили во моментов учествуваат на пазарот со само 5 проценти, на нив отпаѓаше речиси половина од продажбата во 1980-те години. Тој сегмент може да се обнови, со доаѓање на нови модели, порачуваат од С енд П Глобал, каде што ценат дека продажбата може да достигне 600.000 возила до 2030, што би било за 20 проценти повеќе во споредба со лани.

ЕУ бара безбедносна опрема што многу ги поскапува возилата

Браншата лобира за промени во Општите одредби за безбедност на ЕУ (ГСР2), со коишто се бара секој нов автомобил да поседува странични воздушни перници, сензори што предупредуваат при замор на возачот, предупредување при прегазување лента, како и строги краш-тестови.

Со овие барања и со европските норми против загадување, автомобилите поскапуваат за 850 до 1.400 евра, цени извор што е упатен во состојбите во браншата.

Лобистите напоменуваат дека нема потреба од толку строги барања за безбедност, како на пример за судир при висока брзина, кога се работи за малечки автомобили што се наменети за возење во град.

Со поддршка од европското здружение на производители на автомобили АЦЕА, шефовите на Стелантис и Рено повикуваат да се воведе сосем нова категорија возила, што ќе се води како М0, односно е-кар.

Европската Комисија го разгледува предлогот, наведуваат извори.

Воведувањето пониски стандарди за помали автомобили, без да се жртвува безбедноста, ќе биде тешко и нема гаранција дека ќе биде применето, соопштуваат лица што се упатени во преговорите.

Сузуки Ексби; марката е неприкосновен владедел со пазарот на мини-автомобили во Јапонија

Останува неизвесно и дали моделите со пониски стандарди пак ќе можат да им конкурираат на кинеските ЕВ.

Според Метју Ејвери, директор за стратешки развој во Еуро НЦАП, конзорциум што постигна многу за безбедноста на автомобили, бесмислена е помислата дека малите автомобили нема да бидат изложени на судури при возење по автопат.

Кинезите доаѓаат во Европа со автомобили што редовно минуваат со пет ѕвезди на краш-тестовите на Еуро НЦАП, наведува Ејвери. Иако тие оцени не влијаат врз хомологацијата, купувачите им придаваат важност, а компании со големи возни паркови не купуваат автомобили со помалку од пет ѕвезди за безбедност.

Емануел Брет, заменик директор на БИД Франција, вели дека компанијата ќе продолжи да нуди малечки автомобили што ги исполнуваат сите тековни закони на ЕУ и дека тоа што Унијата обвинува дека законите се причина за возилата да станат недостапни, се само „многу оправдувања“.

„Нека избираат купувачите,“ вели Брет.

Претходна објаваСтранските производители го губат тлото на кинескиот автомобилски пазар
Следна објаваСтелантис на пат да ја продаде марката Масерати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here