за

Toyota Supra ќе добие мотор од BMW M3?

Toyota GR Supra
Toyota GR Supra

На сцената на спортските автомобили се зборува многу за новиот топ-модел во гамата на Toyota Supra, што ќе користи мотор од BMW M3. Тоа би значело моќност од над 500 КС во јапонското купе.

Според јапонските медиуми, Toyota моментно работи на верзија на Supra во којашто ќе работи мотор од BMW M3. Информациите доаѓаат од експертски кругови, кои јавуваат дека јапонскиот производител развива специјална изведба на спортското купе на Toyota што ќе ја носи ознаката Supra GRMN.

Под хаубата на партнерскиот модел на Toyota и BMW ќе работи моторот со ознака S 58. Трилитарскиот мотор со шест цилиндри во линија во иднина ќе се вградува и во екстремната спортска лимузина BMW M3, како и во купето и кабриолетот BMW M4. Овој мотор Баварците го вградуваат во СУВ-моделите со екстра перформанси X3 M и X4 M. Германскиот мотор таму испорачува 510 КС и вртежен момент од 600 њутнметри. Таа вредност би важела и во идната екстремна изведба на Supra.

Toyota GRMN Supra ќе има погон само на задната оска

Доколку Toyota навистина го вградува моторот S 58 во Supra GRMN, на местото на осумстепениот автоматски менувач од актуелниот топ-модел би работел седумстепен менувач со двојна спојка. Тоа би било предност на јапонското купе наспроти M3 / M4. Уште една радосна вест би било отсуството на погон на сите тркала, односно Top-Supra ќе вози со заден погон.

Toyota Supra се произведува во Австрија, во фабриката на Magna во близина на Грац и претставува партнерски модел со BMW Z4. Уште нема одговор дали Баварците планираат да ја продолжат традицијата со воведување на верзија Z4 M.

Supra е име со вредна традиција и има голем број поклоници на тјунинг-сцената. Но, тие повеќе ја сакаат сопствената погонска техника на Toyota. Доколку навистина се појави Supra GRMN со мотор S 58, во тој случај би се работело за ограничена серија што би се изработила во неколку стотини примероци.

>>> Toyota GR Supra GT4 подготвена за трки и за 175.000 евра

toyota-gr-supra-gt4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

салон автомобили париз

Daimler изненади позитивно со кварталниот биланс

Пикапот на Mitsubishi доби сопствен шатор

Пикапот на Mitsubishi може да има и сопствен шатор