Концернот Daimler во второто тромесечје пријави помала загуба отколку што првично се очекуваше на пазарот на капитал. Продажбата на патничките автомобили на Mercedes е заслужна за добриот биланс во услови на пандемијата.
Концернот на Mercedes во вториот квартал постигна подобри резултати отколку што предвидуваа експертите. Оперативниот резултат, без пресметани камати и даноци, на ниво на целиот концерн бележи минус 1,68 милијарда евра. Пречистен од дополнителните давачки, резултатот е минус 708 милиони евра. Претходно се очекуваше загуба во висина од 2,07 милијарди евра, односно минус 1,72 милијарда евра со пресметани даноци и камати.
Наспроти предвидувањата, Daimler постигна позитивен прилив на свежи пари од своето индустриско делување. Како причини за позитивниот тренд се наведуваат заздравувањето на пазарот побрзо од преддвидувањата и одличната јунска продажба.
Близу 700 милиони евра се потрошени за „започнатото потстегнување“ на производствената мрежа и на производствените капацитети во Хамбах (Франција), Таскалуза (САД) и Агуаскалиентес (Мексико). Непланиран трошок биле 105-те милиони евра во Your Now, заедничката компанија за услуги за мобилност на Daimler и BMW.
Менаџментот на Daimler ќе продолжи да работи на спуштање на прагот од којшто компанијата почнува да бележи промет, во отежнатите услови на делување во пандемијата
Шефот Ола Келениус најави продолжување на строгото скусување на трошоците. „Мораме да продолжиме со нашите систематски напори, за натамошно спуштање на прагот на добивка на компанијата, преку намалување на трошоците и приспособување на капацитетите.“
Како резултат од објавувањето на кварталниот биланс, вредноста на акциите се зголеми за еден процент на трговската платформа Tradegate. Целосните резулати од второто тромесечје ќе бидат објавени на 23-ти јули.
Mercedes за колекционери што обожуваат трки

















