за

Yaris GR доаѓа од фабриката на Lexus LFA

Освежувањето на моделската понуда на Toyota се комплетираше со пристигањето на новиот Yaris? Сепак останува уште еден модел, многу важен модел. Yaris GR, со семејниот модел што очекуваме да го презеде водството во сегментот, го има заедничко само името.

Yaris GR доаѓа од фабриката на Lexus LFA

Yaris GR е уште еден модел што е развиен од мајсторите за трки на Toyota, од инженерскиот тим на Gazoo Racing. Тоа значи дека според гените, Yaris GR има исти корени со Supra GR. Во поглед на ексклузивноста, малиот и лут тркач веројатно го надминува и спортското купе. Тој се произведува во фабриката во Мотомачи, од каде што своевремено излегуваше и „нај-лексусот“ LFA.

Започна сериското производство на Toyota GR Yaris, автомобил со којшто јапонската марка го потврдува успешното враќање во рели-спортот. За разлика од вообичаениот манир што го применуваат повеќето производители, кои своите спортски модели ги сведуваат на вградување посилен мотор, скрутување на подевозјето и додавање шарени детали во кокпитот, Toyota тоа го прави многу поразлично. Подвозјето и целата подна конструкција е тотално различна од серискиот Yaris, а истото важи и за каросеријата.

Уште една посебност на GR Yaris е неговата „домашна адреса“, имено, неговото производство се одвива во фабриката Мотомачи, најпрестижна во целиот производствен синџир на Јапонците. Станува збор за комплетно нова производствена лента, што посебно е поставена за малиот тркач.

Мотомачи всушност е претворена во GR-фабрика, барем во делот во којшто се изработуваат спортските модели. Производствениот процес за GR Yaris е сосем различен од стандардниот. Посебно внимание се посветува на зафатите за зајакнување на каросеријата, што е клучно за секој спортски автомобил. Секако дека бавното производство без временски притисок и големиот удел на рачна изработка, гарантираат врвен квалитет и исклучително прецизна монтажа.

Toyota GR Yaris ќе се произведува само една година, планираната продукција е 25.000 примероци

Уште од времето на LFA е познато дека Toyota во оваа фабрика ги ангажира најдобрите од своите најдобри мајстори, прочуените такуми. Тие располагаат со исклучителни занаетчиски способности и применуваат зафати што се изводливи единствено со рачна работа. Во оваа фабрика се обучуваат и сличните профили на мајстори од останатите фабрики на Toyota.

toyota gr yaris

Развојот на GR Yaris во огромен дел се базира врз искуствата од светското рели, од Yaris WRC. Платформата е комплетно нова од претходниот модел, со исто така целоснонов 1,6-литарски трицилиндарец со 261 КС и 360 њутнметри. Уште еден „специјалитет“ на малиот тркач е погонот на сите тркала GR-Four, директно преземен од мотоспортот. Со сите карсоериски зајакнувања и со погон на сите тркала, тежината на GR Yaris изнесува 1.280 килограми.

Првите испораки на Toyota GR Yaris ќе започнат пред крајот на годинава или во почетокот на следната година, зависно од пазарот. Новиот модел пристига како замена за претходникот GRMN, кој со своите 212 КС исто така беше на врвот во својот сегмент.

Цената на моделот на германскиот пазар изнесува 33.200 евра, додека со дополнителен пакет за екстра перформанси, цената доаѓа до 37.690 евра.

>>> Новата Toyota Yaris веќе ја пишува 2021 година

toyota yaris 2021 салон скопје

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Ranger Tremor доби специјален пакет за теренско возење

Ford Ranger доби специјален пакет за теренско возење

BMW 128ti

BMW 128ti по пример на легендарниот „нул-цво“