за

Ford Ranger доби специјален пакет за теренско возење

Ford излегува во пресрет на барањата на клиентите на Ranger, за изведба што има посебни теренски способности. Ford со доплата го вградува новиот пакет Tremor, кој овозможува совладување потежок терен, без притоа да се жртвуваат носивоста и влечењето товар.

Ford Ranger Tremor доби специјален пакет за теренско возење

Ford Ranger Tremor според американскиот производител е најспособната фабричка верзија на пикапот Ranger за возење по терен, што се нуди на пазарот во САД. Тоа важи и во споредба со пакетот за терен FX4, што досега го нудеше максимумот во тој поглед.

Со избор на пакетот Tremor, возачите на Ford Ranger добиваат поголемо растојание од подлогата, подвозје што е дотерано за возење по терен и масивни гуми Continental General Grabber A/TX од 32 инчи. Во комбинација со тркалата од 17 инчи се постигнува клиренс од близу 24,5 сантиметри, што е два сантиметри повеќе отколку кај Ranger SuperCrew 4×4.

За комфорно возење по асфалт се грижат Fox 2.0 едноцевни амортизери со хидрауличен граничник на повратниот òд, кои се посебно приспособени за возење по тежок терен. Пружините исто така дозволуваат поголемо збивање и поголем работен од. Крутоста на стабилизаторите е намалена, заради подобрување на комфорот при теренско возење.

Теренската геометрија е уште поекстремна од стандардните верзии. Аголот на пристап изнесува 30,9 степени (+2,2 во споредба со SuperCrew 4×4), додека аголот на излез е 25,5 степени (+0,1). Аголот на рампа исто така е зголемен и изнесува 24,2 степени (+2,7). Во споредба со основниот Ranger, работниот òд на амортизацијата напред е зголемен на 16,5 сантиметри. Назад разликата меѓу крајните положби е зголемена на 20,6 сантиметри.

Во пакетот Ranger Tremor се вклучени челична заштитна плоча напред, заштитни панели за подот, заден диференцијал со блокада, избор од четири режини за возење и помош при влечење приколка. Контролата на тракцијата исто е дотерана за помоќното забрзување и посилната тракција при возење по земја.

Целиот пакет го заокружуваат и неколку стилски детали, како маска лакирана во магнетик-боја, со црвени акценти или седишта на коишто е извезен натпис Tremor. Моторот е 2,3-литарски EcoBoost со 270 КС, кој работи во комбинација со 10-степен автоматик, со погон на сите тркала и електронска блокада на задниот диференцијал.

Теренскиот пакет Tremor е достапен за верзиите XLT и Lariat со конфигурација SuperCrew 4×4. Цената на пакетот во САД изнесува $4,290. Примероците од овој модел ќе се изработуваат во фабриката на Ford во Вејн, Мичиген, од почетокот на следната година.

>>> Ford Ranger Raptor ќе добие V8 од Mustang само за Австралија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

motorpoint Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

Фирма трипати ја обиколила Земјата да испорача возила на клиенти

Yaris GR доаѓа од фабриката на Lexus LFA

Yaris GR доаѓа од фабриката на Lexus LFA