Ford Ranger е најпродаваниот пикап во Европа и се издвојува со изведбата Raptor. Продажбата на моделот врви одлично и во Австралија, но таму повеќе сакаат осум цилиндри под хаубата, место евроспкиот дизел со 213 КС. Решението е: петлитарскиот V8 од Mustang.
Австралискиот огранок на Ford подготвува посебна изведба на екстремниот Ranger Raptor за тамошниот пазар. Пикапот во екстремната изведба што како да е создадена за австралиските пустелии, моментно вози со дволитарски дизел со битурбо натполнење со 213 КС. Тоа што е сосем доволно во Европа, кај Австралијците не минува.
Решението е буквално на дофат на рака. Под хаубата на Ford Ranger Raptor ќе проработи петлитарскиот V8 од Mustang. Моделот ќе биде достапен само на австралискиот пазар, но тоа не е ограничување, ако се има предвид масовната продажба на пикапи. За преработката ќе биде ангажирана посебна фирма.
Осумцилиндарецот од Mustang располага со моќност од 461 КС и вртежен момент од 556 Nm, што го става во сенка Holden Commodore SS со неговиот 6,2-литарски V8 со 413 КС.
https://www.instagram.com/p/B6yNEq4hQJ6/
Според ценовникот пред воведувањето на новиот данок за возила од 1-ви јануари, пикапот на нашиот пазар стартува од 31.500 евра за Ford Ranger XL со двојна кабина, погон на сите тркала и дволитарски дизел со 170 КС. Raptor со неговите 213 КС и со посебно дотерување на подвозјето чини 67.900 евра.
Пазарот на пикапи во Македонија повторно заживува, неодамна пристигна Mitsubishi L200.
https://www.instagram.com/p/B5ktHuenD_R/
















