за

Toyota ќе вози за хет-трик на 24 часа Леман

Toyota Gazoo Racing се надева на хет-трик на овогодишната трка 24 часа Леман (од 19-ти до 20-ти септември). Јапонскиот производител ја очекува третата победа во низа, пред Toyota TS050 Hybrid да замине во заслужена пензија.

Toyota ќе вози за хет-трик на 24 часа Леман
Toyota ќе вози за хет-трик на 24 часа Леман

Претстојниот маратон на Леман е од особено значење за Toyota: На 88-то издание на 24 часа Леман, Toyota TS050 Hybrid ќе стартува последен пат во ерата на LMP1. Откако тркачкиот болид со 1.000 КС и со погон на сите тркала пропушти победа во 2016 година на само два круга пред целта, Toyota во 2018 и 2019 година постигна убедлива доминација на најпознатата автомобилска трка во светот.

Хибридниот болид веќе има обезбедено место во историјата. Покрај тоа што е првa победничка Toyota на Леман, TS050 Hybrid е најбрз автомобил на сите времиња на Ла Сарт. Рекордот го постави Камуи Кобајаши на квалификациите во 2017 година. Одушевува и ефикасноста. Toyota TS050 Hybrid враќа 60 проценти од енергијата при сопирање, што обезбедува хибриден-буст од 3.000 мегаџули во текот на 24-часовната трка. Вредноста е зголемена за 150 проценти во споредба со 2012 година. Потрошувачката на гориво оттогаш е намалена за 35 проценти.

Toyota годинава вози против четири други тркачки болиди во класата LMP1. Освен за одбрана на титулата во Леман, овојпат се вози и за триумф во светското првенство на долги патеки WEC. Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез во TS050 Hybrid со стартен број 7 имаат 12 бодови предност пред тимските колеги Брендон Хартли, Сенастијен Буеми и Казуки Накаџима, кои победија на Леман во последните две години. Но, останува голема неизвесност, затоа што трката во претстојниот викенд носи 51 бодови.

Трката по четврти пат во 97-годишната историја не се вози како вообичаено во јуни. Овојпат се вози без публика. Традиционалниот настан инаку го посетуваат 25.000 фанови на мотоспортот. Нема да се оджи ниту возачката парада низ градот.

Тренинзите и квалификациите во четврток (17-ти септември) траат близу единаесет часови, што е предизвик за возачите и тимовите. По едночасовниот тренинг во петочното утро се вози хиперпол-сесија, којашто го одредува распоредот за старт. Шесте најдобри автомобили во секоја класа се борат за пол-позиција. Toyota се надева дека четврти пат во низа и шести пат воопшто ќе биде прва на стартната линија. Трката почнува во 14.30 часот.

>>> Повеќе километри на струја, пониско осигурување за Toyota во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Mo на две тркала и на струја низ Барцелона

Seat на две тркала и на струја низ Барцелона

Daimler со рекордна нарачка од 415 автобуси за Израел

Daimler со рекордна нарачка од 415 автобуси за Израел