за

Daimler со рекордна нарачка од 415 автобуси за Израел

Daimler доби една од најголемите нарачки за автобуси во својата историја. Германската компанија победи на тендер за 415 градски и меѓуградски автобуси во Израел.

Daimler со рекордна нарачка од 415 автобуси за Израел

Daimler Buses ќе испорача 415 автобуси за градски и меѓуградски сообраќај за Egged, еден од најголемите приватни превозници во Израел.

Првпат по 15 години, Daimler Buses повторно доби нарачка за испорака на градски автобуси за Израел, каде што се води остра конкурентска борба меѓу производителите. Во налогот се вклучени 156 шасии за меѓуградски автобус OC 500 RF 1939 и уште 259 шасии за градски автобус OC 500 LE 1830.

Градските автобуси имаат низок под, што на патниците им овозможува лесен и едноставен пристап. Шасиите ќе се произведуваат во фабриката за автобуси на Daimler Buses во Самано, Шпанија. Каросериската надградба ќе се врши во Израел, за што се задолжени израелските производители на каросерии Haargaz и Merkavim.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Возилата ќе се испорачуваат во текот на оваа и во следната година, а ќе се користат за градските и меѓуградските линии на коишто сообраќа компанијата Egged на целата територија на Израел.

Со возен парк од преку 4.000 автобуси, Egged дневно превезува околу еден милион патници и покрива половина од јавниот превоз во Израел. Јавниот превоз го сочинуваат 945 меѓуградски и градски линии, на кои автобусите секој ден минуваат просечно по 700.000 километри.

>>> Во дваесет градови во Полска возат над 150 електрични автобуси

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ќе вози за хет-трик на 24 часа Леман

Toyota ќе вози за хет-трик на 24 часа Леман

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Акциите на Nikola паѓаат, една компанија заработува од тоа