за

Во дваесет градови во Полска возат над 150 електрични автобуси

Добрите економи имаат пресметано дека е подобро да се вложи во нова и поскапа технологија со долга иднина, место да се вложува во евтина погонска техника што на крајот пак ќе мора да се замени.

Во дваесет градови во Полска возат над 150 електрични автобуси

Solaris го испорача првиот електричен автобус во Полска во 2015 година. Денес во 20 градови ширум земјата сообраќаат над 150 автобуси што не испуштаат штетни материи. Полскиот производител моментно го довршува производсвото на нови 300 електрични автобуси. Во следните неколку месеци, бројот на градски автобуси со погон на струја ќе се зголеми на 490 возила, во 33 градови.

Првиот електричен автобус на Solaris го нарача градот Јаворжно, во јужниот дел на Полска, близу Катовице. Денес во возниот парк на компанијата PKM се наоѓаат 23 елекртични автобуси од производителот Solaris, а наскоро пристигаат уште дваесет.

Сите поголеми градови во Полска веќе користат електрични автобуси во јавниот превоз: Катовице, Краков, Лублин, Познан, Туши, Варшава. Некои градови веќе преоѓаат на следниот степен. Гдинија, на пример, повеќе години вложува активно во електромобилноста и неодамна по своите улици ги пушти супер-тролејбусите Solaris Trollino. Нивната посебност е во тоа што батериите на покривот се полнат преку трола, од електричен вод над улиците.

Градот Краков денес располага со 400 автобуси од типот Solaris Urbino, од кои 26 се Urbino electric, а веќе пристигаат нови нарачки за електрични автобуси од домашниот производител.

Во европски рамки, Полска е петта држава во ЕУ според бројот на електрични автобуси во градскиот превоз. Секако дека домашниот производител постигнува водечки, поточно доминантен удел на полскиот пазар на електрични автобуси, имено 76 проценти. Само во 2019 година, Solaris добил дури 98% од сите нарачки за електрични автобуси во земјата.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачка дозвола стара 110 години во музејот на Mercedes

Возачка дозвола стара 110 години во музејот на Mercedes

Kia на рента од еден ден до една година во Италија и Русија

Kia на рента од еден ден до една година во Италија и Русија