за

Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе
Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

MAN во последното тромесечје ќе започне со сериско производство на Lion City E. Првите искуства со електрични автобуси на MAN датираат од пред половина век. На 13-ти февруари 1970 година, MAN заедно со Bosch и Varta го претстави првиот електричен градски автобус.

Според тогашното сопштение за медиуми „автобусот треба да даде позитивен придонес за индустријата во борбата против загадувањето на воздухот и бучавата во градскиот патен сообраќај“. Содржината на оваа порака важи исто и денес. По единаесет месеци од презентацијата, MAN во јануари 1971 година го пушти прототипот на електричниот автобус во редовна линија во германскиот град Кобленц. Автобусот на батерии таму се тестираше една година.

Досегот изнесуваше 50 километри, а капацитетот за превоз изнесуваше 99 патници. Батеријата беше сместена во приколка и таа испорачуваше енергија за два до три часови возење. Во депото чекаше друга приколка со наполнета батерија, којашто едноставно се заменуваше со приколката со празна батерија.

Предноста со приколките со батерии беше полнењето преку ноќ, по евтина тарифа. До јуни 1971 година, електричниот автобус на MAN мина 6.000 километри во градскиот превоз во Кобленц, без посериозни потешкотии и без каква било емисија на штетни материи.

MAN има уште едно историски важно поглавје со електричните автобуси. За време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година, спортистите се превезуваа со два електрични и осум автобуси на метан. Автобусите дневно минуваа до 20 часови во возење, превезувајќи ги врвните светски спортисти безбедно и чисто.

Две години подоцна, на 15-ти октомври 1974 година, MAN ги испорача првите примероци од новиот е-автобус SL-E во градот Менхенгладбах. Тие останаа во примена до 1979 година. Батериајта во втората генерација беше поголема за 50%, поради што се постигнуваше досег до 80 километри. Покрај тоа, замената на приколките се одвиваше автоматски. Франкфурт и Диселдорф исто така имаа поглавје со електирчни автобуси на MAN во јавниот превоз.

MAN се подготвува за старт со електрични автобуси

MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси
MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар

Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари?