MAN се подготвува за старт со електрични автобуси

MAN се подготвува за старт со електрични автобуси Man Lions City 18 E
MAN се подготвува за старт со електрични автобуси Man Lions City 18 E

MAN в година ќе стартува со сериско производство на Lion’s City 18 E. Електричниот зглобен автобус со должина од 18 метри има капацитет за 120 патници.

Погонот е задача на два електромотори што се вградени централно на втората и третата оска. Во споредба со концептот со електормотори што се вградени покрај самото тркало, ова решение се одликува со пониска тежина и полесно одржување.

Двете оски се синхронизирани преку електронска контрола, што придонесува и за стабилноста на зглобниот автобус. Во тоа учествуваат и заштитата од „прекршување“, како и контролата на аголот на вртење на задниот дел од автобусот. Преку соодветна распределба на погонскиот момент до оските, се спречуваат критичните ситуации при управувањето со автобусот.

Со користењето на две погонски оски се зголемува и повратокот на енергијата при сопирањето. Погонската спрега на MAN Lion’s City 18 E постигнува 435 КС, односно краткотрајно 652 КС. Во зависност од условите, досегот се движи меѓу 200 и 270 километри. Осумте батерии се наоѓаат на покривот. На тој начин, батериите се заштитени во случај на судир, но и полесно се достапни за сервисирање.

Полнењето на батериите се врши преку CCS-приклучок (Combined Charging System). При просечна моќност на полнење од 100 kW и максимална моќност до 150 kW, зглобниот автобус ги полни батериите за помалку од четири часови.

Лани во декември, MAN ги испорача првите два електрични демо-автобуси во 12-метарската варијанта на две претпријатија за јавен превоз во Хамбург. Уште 13 демо-автобуси ќе бидат испорачани во текот на годинава во Шпанија, Луксембург, Белгија и Франција. Меѓу нив ќе има и неколку примероци од 18-метарската варијанта (за Келн и за Барцелона).

Првите примероци од MAN Lion’s City E од сериско производство во 12-метарска единечна изведба се очекува да бидат готови во последниот квартал годинава. Шест месеци подоцна ќе следи и зглобниот 18-метарски електричен автобус.

Во меѓувреме и Скопје ги очекува првите автобуси од MAN со погон на метан да се приклучат во градскиот превоз.

https://www.instagram.com/p/CAIaebODs7q/

Претходна објаваJeep се преврте на краш-тест, масовно исмевање по социјалните мрежи
Следна објаваПоловина од купувачите избираат автомобил според онлајн-оцените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here