Половина од купувачите избираат автомобил според онлајн-оцените

онлајн купување автомобил дами
онлајн купување автомобил дами

Истражување во Британија покажа дека половина од купувачите избираат автомобил или дилер раководејќи се според онлајн-оцените. Една четвртина од нив цени дека гласот што дилерите го имаат онлајн е пресуден фактор при изборот.

Порталот за онлајн-трговија со автомобили CarGurus направи истражување меѓу британските возачки и возачи и дојде до податокот дека близу 70% од купувачите на автомобили прво ги читаат онлајн-оцените пред да контактираат со дилерот. Онлајн-репутацијата на трговците се покажа дека е од големо значење во време кога е ограничено движењето, поради пандемијата.

Секој четврти учесник во истражувањето одговорил дека гласот што дилерите го имаат на мрежата е пресуден фактор во нивниот избор на автомобил. Студијата понатаму открива дека возачки и возачи меѓу 18 и 34 години најмногу се раководат според онлајн-оцените. Дури 91% од испитаниците во оваа група, ценат дека онлајн-оцените се вредни исто колку кажан збор.

Совети од CarGurus за подобрување на репутацијата на мрежата:

Охрабрување

Барањето повратен одговор е основен чекор за дилерит што сакаат да создадат доверба, да го зајакат своето присуство, и нормално, да продаваат повеќе автомобили. Оцените не мора да се толку „страшни“: Дури 88% од клиентите на CarGurus (во Велика Британија) оставаат најмалку 4 ѕвезди.

Следење

Откако дилерот ќе ги охрабри клиентите да оставаат оцена, клучно е да се внимава на тоа. Може да се добиваат известувања по е-пошта, да се ангажира вработен или да се направи пребарување на гугл за сопственото дилерство.

Одговарање

Кога клиентот посветил време да остави оцена за дилерот, секако дека е корисно и да се одговори. Прифаќањето на оцените, без разлика дали тие се добри или лоши, покажува дека се придава важност на мислењето на клиентите. Лошите оцени привлекуваат повеќе внимание, но со едноставен и професионален одговор се покажува дека дилерот се грижи за корисниците.

Користење на оцените

На корисниците им помага кога ќе прочитаат за примери од секојдневието, за искуствата на корисниците од услугата или производот. На тој начин, оцените прераснуваат во моќна маркетиншка алатка за дилерите. Тоа може да се направи во социјалните мрежи, во дистрибуцијата на е-пошта или во рекламите.

>>> Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Претходна објаваMAN се подготвува за старт со електрични автобуси
Следна објаваГумите ќе добијат нови етикети, одлучи Европскиот Парламент

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here