Акциите на Nikola паѓаат, една компанија заработува од тоа

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Производителот на електрични и водородни камиони Nikola моментно ги ужива своите најдобри времиња досега. Во минатата недела беше објавена нивната соработка со гигантот General Motors.

Производителот на Chevrolet, Buick и Cadillac вложи две милијарди долари во младата компанија. Планот е наскоро да започне производството на пикапот Nikola Badger, чијшто електромотор ја црпи енергијата или од батерија или од водород.

Вредноста на акциите на компанијата сепак забележа силен пад за само неколку денови. Инвеститорската фирма Hindenburg во една студија го обвинува Nikola дека ги измамил своите клиенти и инвеститорите. Во студијата се наведува дека постои „обемен доказен материјал“ околу „океанот од лаги“ на шефот на Nikola, Тревор Милтон. Од компанијата ги отфрлуваат обвинувањата и најавуваат можно преземање правни чекори.

Hindenburg е т.н. shortseller односно продавач без покритие во Nikola. Тоа значи дека фирмата заработува пари, секогаш кога паѓа вредноста на акциите на производителот на камиони со напреден погон. Nikola има развиено влекач со електричен погон, чиешто производство е планирано да се одвива во соработка со Iveco во фабриката во Улм, Германија.

>>> Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco
Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Претходна објаваDaimler со рекордна нарачка од 415 автобуси за Израел
Следна објаваLexus меѓу ѕвездите на филмскиот фестивал во Венеција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here