за

Lexus меѓу ѕвездите на филмскиот фестивал во Венеција

Lexus објави фотографии од 77-то издание на филмскиот фестивал во Венеција, со најголемите светски ѕвезди на црвениот тепих, покрај возилата на луксузната марка.

Lexus со ѕвездите на филмскиот фестивал во Венеција

Педро Алмодовар, Тилда Свинтон, Ванеса Кирби, Алесандро Гасман, Ана Фољета и Оливер Стоун се некои од ѕвездите од светот на филмот со коишто Lexus го заокружи своето учество на Ла Биенале, филмскиот фестивал во Венеција. Луксузната марка на Toyota четврта година го снабдува Фестивалот со автомобили.

Кросоверот со електричен погон UX300e, прв сериски модел на Lexus со погон само на струја, беше автомобилска ѕвезда на фестивалот во Венеција, заедно со новата стилска икона во пондуаста на марката, кабриолет изведбата на суперпрестижниот LC. Секако дека главнината од возниот парк за превоз на ВИП-гостите и на организаторите ја сочинуваа моделите со хибриден погон – вкупно 36 возила со погонот што е заштитен знак на јапонската премиум марка.

Филмскиот фестивал во Венеција се одржа во досега единствена атмосфера. Славните имиња од светот на филмот и посетителите, носеа маски и одржуваа социјална оддалеченост, во време на корона-кризата. Lexus четврта година во низа ја уживаше честа да биде официјален автомобилски спонзор на Фестивалот. Тоа е уште едно признание за стилот и гламурот што ги зрачи премиум марката на Toyota.

Светскиот настан во Лидо ги привлече најголемите филмаџии и актери, а меѓу нив: Педро Алмодовар, Алесандро Гасман, Оливер Стоун, Георгина Родригез, Ванеса Кирби, Салваторе Еспозито, Пјерфранческо Фавино, Тилда Свинтон (го освои Златниот Лав за животно достигнување) и домаќинката на фестивалот, прочуената италијанска актерка Ана Фољета.

https://www.instagram.com/p/CEr4zYcpwBz/

https://www.instagram.com/p/CE64ESLCd0m/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородниот камион Nikola е само лага за собирање пари

Акциите на Nikola паѓаат, една компанија заработува од тоа

porsche 718 so menuvac pdk

Менувач со двојна спојка и за шестцилиндарските верзии на Porsche 718