Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco
Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Електричниот камион Nikola TRE ќе се произведува во фабриката на Iveco во германскиот град Улм. Првите моделски изведби што ќе влезат во производство се 4×2 и 6×2 варијанти со можност за избор на различна големина на батерија, до максимално 720 киловатчасови. Моќноста на електричниот погон изнесува 480 киловати, односно 653 КС.

Возилото е резултат од заедничката компанија на американскиот производител Nikola и концернот CHN, кадешто припаѓа Iveco. Моделот S-Way се користи како основа за камионот со електричен погон. Завршното тестирање се очекува да стартува во средината на годинава, за потоа првите прототипи од моделот да се прикажат пред јавноста на салонот за товарни возила ИАА во Хановер, во септември.

Во првата фаза од проектот, заедничката компанија ќе вложи 40 милиони евра, со цел да се модернизираат производствените погони. Во првиот квартал од 2021 година се очекува и конечниот старт на сериското производство на Nikola TRE.

Nikola и Iveco веќе работат и на следната фаза, на изведба со погон на водород, односно со горивни ќелии. Сериското производство на водородната верзија на Nikola се планира веќе за 2023 година.

https://www.instagram.com/p/B5qDLTbFBJc/

https://www.instagram.com/p/B5vm4TWHi0n/

Претходна објаваРодстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената
Следна објаваVolvo шеста година со рекордна продажба, профитот 1,35 млрд. €

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here