за

Акциите паѓаат, експерти велат нема спас за Tesla

Tesla акции паѓаат
Tesla акции паѓаат

Акциите на Tesla паѓаат вртоглаво, ниту самиот шеф Илон Маск не гледа шанси за нешто да се спаси. Познавачите веќе чекаат Apple да го преземе калифорнискиот производител на електрични автомобили.

Акциите на Tesla забележаа пад од 20 проценти уште во август лани. Инвестициската банка JP Morgan тогаш ја ценеше вредноста на акцијата на Tesla на 195 долари. Познатиот инвеститор Рос Гербер уште тогаш во интервју за CNBC му пораќа на Тим Кук, шефот на Apple, да ја преземе компанијата.

Падот на акциите продолжува и годинава. Некои експерти предвидуваат дека акцијата ќе се струполи на десет долари. Тоа би било најлошото сценарио за Tesla. Долговите продолжуваат да растат, а надежта дека кинескиот пазар преку ноќ ќе постигне продажен бум, не може да трае вечно.

Вредноста на Tesla паѓа, но астрономските долгови останувааат голем товар за можниот нов сопственик

General Motors и Ford повторно имаат повисока берзанска вредност отколку Tesla. Тоа притиска за компанијата да се продаде. Но, и ризикот за идните сопстевници е голем. Доколку Apple го преземе американскиот електро-пионер, со тоа ќе ги преземе и неговите долгови во висина од десет милијарди долари.

Според експертите на Morgan Stanley, Tesla нема шанси да се спаси: „Падот на курсот е само врв на сантата мраз. Полошо е тоа што раководството заминува од компанијата, првенствено финансиските директори, како и шефовите во развојот. Илон Маск има на располагање уште десет месеци, а потоа касата ќе биде празна.“

Главниот проблем е моќната конкуренција. Audi e-tron, Jaguar I-Pace, Mercedes EQC, Volkswagen ID.3, како и Porsche Taycan, сите овие автомобили го загрозија некогашниот монопол на Tesla, во поглед на електричните автомобили.

Двојка снимила жешки сцени во автопилотирана Tesla, се јави и Илон Маск

Tesla Model 3 најпродаван автомобил од средна класа во Европа

Tesla најавува роботско такси веќе в година

Tesla Model 3 најпродаван автомобил во Швајцарија во март

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Забраната за стари дизели во Штутгарт покажува ефекти

Забраната за стари дизели во Штутгарт покажува ефекти

Во Ганшок Крик се вежба скок во вода со теренец

Во Ганшот Крик се вежба скок во вода со теренец