Шпанците масовно купуваат стари коли, избегнуваат јавен превоз

Шпанците масовно купуваат стари коли, избегнуваат јавен превоз

Стравувајќи од заразување со корона-вирусот и воедно како подготовка за рецесијата што следи, Шпанците масовно купуваат евтини автомобили за да се превезуваат од точка А до Б.

Продажбата на автомобили постари од 20 години во последните два месеци се зголемила за 31 проценти во споредба со истиот период лани. Вкупно станува збор за 44.000 автомобилски јангтајмери. Просечната куповна цена е 1.400 евра.

Трендот се потврдува и во статистиката на корисници на јавниот превоз. Шпанките и Шпанците, а во помала мера и туристите, летово ги користеле градските автобуси и другите видови јавен превоз во обем помал за 40% во споредба со минатото лето.

Трпи и продажбата на нови автомобили. Откако пазарот во јули порасна минимално, за 1,1%, во минатиот месец продажбата пак забележала пад за 10,0 проценти. Сето тоа ги повлекува и познатите последици: „Имаме големо назадување во квалитетот на воздухот. Тоа ќе има последици и врз заболувањата на дишните органи, вклучувајќи го Ковид-19“, изјавуваат од шпанскиот огранок на Гринпис.

Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer
Seat 1430 против новото комби Leon Sportstourer

Претходна објаваBMW го избра победничкиот дизајн за тркачот M4 GT4
Следна објаваОвој Volkswagen е под GTI-напон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here