за

BMW го избра победничкиот дизајн за тркачот M4 GT4

BMW на 8-ми јули ги повика креативците ширум светот да ги испраќаат своите дизајнерски шеми за тркачкиот M4 GT4. Избраниот дизајн, со гласови и од фановите, ќе се користи за трката во Хокенхајм.

BMW го избра победничкиот дизајн за тркачот M4 GT4
BMW го избра победничкиот дизајн за тркачот M4 GT4

Познат е победникот во натпреварот за дизајнот на тркачкиот BMW M4 GT4. За своето дело, Чан Вен Бин ќе добие 3.000 долари награда, но уште повредно е тоа што неговиот дизајн ќе се користи на возилото што ќе учествува во трка.

Малезиецот Чан Вен Бин е победник во натпреварот за најдобар дизајн за тркачкиот BMW M4 GT4. Натпреварот се водеше за награда од 3.000 долари, но секако дека поголем поттик беше честа, дизајнот на кандидатите да се најде на возило што ќе се појавува на трка. Графичкиот дизајнер на возраст од 27 години го убеди жирито, што го сочинуваа уметничката Као Феи, дизајнерот Мајкл Скали (Designworks) и Бруно Шпренглер, фабрички пилот на BMW. Се броеја и гласовите на фановите на BMW преку друштвените мрежи.

Тркачкиот M4 GT4 ќе учествува со победничкиот дизајн на трката во ДТМ Трофи на германската патека Хокенхајм на 7-ми и 8-ми ноември. Истиот дизајн понатаму ќе стои на располагање и на платформата за видеоигри iRacing. BMW M4 GT4 вози во овој виртуелен свет уште од јуни и ужива висока популарност.

Црната како основна боја, секогаш дава класичен и елегантен карактер кај купеата со високи перформанси на BMW“, коментира Као Феи, кој во 2017 година го дизајнираше 18-от BMW Art Car. Тоа беше BMW M6 GT3, што фабричкиот возач Аугусто Фарфус го возеше на светскиот ГТ-куп во Макао. „Сините и црвените акценти, што се распоредени по автомобилот, покрај тоа што се живи и шик, ја нагласуваат спортската и ексклузивната естетика.“

>>> BMW M4 за победникот на австриското МотоГП

BMW M4 за победникот на австриското МотоГП

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар

Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар

Шпанците масовно купуваат стари коли, избегнуваат јавен превоз

Шпанците масовно купуваат стари коли, избегнуваат јавен превоз