за

BMW M4 за победникот на австриското МотоГП

Чиста М Power за победникот на мото-трката за големата награда на Штаерска. Мигуел Оливеира си ја заслужи наградата од BMW M GmbH. Првпат во историјата на МотоГП, победникот освои автомобил, толку ексклузивен што премиерата ќе му биде на крајот на септември.

BMW M4 за победникот на австриското МотоГП

BMW M беше главен спонзор на трката во МотоГП во минатиот викенд на Ред Бул Ринг и по тој повод му додели специјална награда на победникот. BMW M4, уште неослободен од маските, затоа што премиерата ќе се случи кон крајот на септември.

Заедно со цивилната изведба, посебно за настанот на австриското ГП парадираше и тркачката изведба M4 GT3. Мигуел Оливеира заслужено го доби спортскиот модел на BMW, оставајќи ја острата конкуренција зад себе. Овој исклучитечен мотоциклист сепак ќе мора да се стрпи додека седне во освоениот автомобил, затоа што M4 уште ја чека својата премиера. Мигуел сепак можеше да сврти неколку пробни кругови по Ред Бул Ринг.

Ова е фантастично. Многу се радувам што сум прв возач во МотоГП што освојува ваква специјална награда“, изјави Оливеира. „Го пробав новиот BMW M4 тука на Ред Бул Ринг и со нетрпение чекам да го добијам мојот личен примерок. Им благодарам на BMW M за оваа вредна награда.“

Новото Gran Coupe од Серијата 8 на BMW е безбедносен автомобил на МотоГП

Во рамките на трката за големата награда на Штаерска се одржа уште една премиера. BMW M го претстави новиот безбедносен автомобил во МотоГП. Во основа станува збор за BMW M8 Competition Gran Coupé со 625 КС и со 3,2 секунди до темпо сто, со незначителни преправки за ангажман на тркачките патеки – главно се работи за додатоци од програмата на М Performance. Уникатните предни крилца и сплитерот се изработени рачно. Точно за таа цел е наменет и новиот BMW M Track Mode во престижната купе-лимузина.

Спортските модели на Баварците уште од 1999 година се грижат за безбедноста во кралската класа на трките со мотоцикли.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Ден пред премиера: Електричниот СУВ на Škoda во вторник

Ден пред премиера: Електричниот СУВ на Škoda во вторник