Продолжува да се зголемува уделот на Toyota на германскиот автомобилски пазар. Порастот од 0,8 процентни бодови, на сегашните 2,9 проценти, обично е знак дека марката ја презема продажбата од конкуренцијата. Уделот само во сегментот на приватните продажби е уште поголем и изнесува 3,2 проценти, исклучувајќи ги продажбите на службени возила.
Традиционално добро напредува продажбата на хибридните автомобили на Toyota на најголемиот и воедно најпребирлив автомобилски пазар во Европа, германскиот пазар. Во сите моделски серии, во коишто е достапна варијанта со хибриден погон, уделот на погонот надминува 90 проценти.
Вкупно од почетокот на годината, Toyota во земјата продала 44.411 нови автомобили. Тоа е за 24 проценти помалку во споредба во споредба со првите осум месеци лани, но секако е последица од корона-кризата. Во споредба со пазарниот просек, продажбата на Toyota забележала далеку помал пад. Пазарниот удел на годишно ниво изнесува 2,5 проценти.
Новата Toyota Yaris веќе ја пишува 2021 година

















