за

Половина Британци ценат дека 2035 година е преблизу за преод на струја

Британските производители и увозници на автомобили бараат укинување на даноците за електрични автомобили, како и долгорочна субвенција со цел да се достигнат 2,4 милиони возила на струја во земјата до 2025 година.

Половина Британци ценат дека 2035 година е преблизу за преод на струја

Ново истражување во Велика Британија укажува дека земјата ќе мора да вложи 16,7 милијарди фунти (18,7 млрд. евра), за секојдневно да се поставуваат по 507 нови полначи и да се изгради мрежа што целосно ќе ги задоволи потребите на возачите на електрични автомобили.

Британските производители и увозници на автомобили бараат властите да воведат долготрајна субвенција за купување електрични возила и да вложат во соодветно проширување на мрежата од полначи. Браншата бара поубедлива иницијатива од властите, откако едно истражување покажа дека половина од британските возачки и возачи не се подготвени своите возила со обичен мотор да ги заменат со електрични возила до 2035 година.

Расте популарноста на електричните автомобили. Продажбата се удвоила во последните две години, благодарение на масивните вложувања на индустријата во висина од 54 милијарди фунти (60,6 млрд. евра) само во 2019 година.

Во последните 12 месеци, бројот на модели со приклучен хибриден и електричен погон се зголемил од 62 на 83, а уште многу новитети пристигаат во следните месеци.

Тоа што најмногу ги привлекува купувачите кај електричните возила се пониските оперативни трошоци (така одговориле 41% од испитаниците) и можноста за подобрување на животната средина (29%). Уделот на електричните возила во продажбата уште е низок и изнесува 8 проценти, односно еден од секои 13 продадени автомобили е електричен.

Еко-струја за првото возење на Mini Electric
Mini Cooper SE, со техника од BMW i3

Од друга страна, тоа што најмногу ги обесхрабрува купувачите се повисоката цена (така одговориле 52% од испитаниците), недостигот од полначи (44%) и стравувањето дека батеријата ќе се испразни при подолго патување (38%). Повеќе од третина (37%) од Британците сепак се оптимисти дека ќе купат возило со целосно електричен погон до 2025 година, додека 44% ценат дека нема да бидат подготвени за тоа до 2023 година. Околу една четвртина (24%) цени дека воопшто не замислува да поседува електричен автомобил.

Заедно со ослободувањето од данок, вкупната субвенција за електрични автомобили би достигнала просечно 5,500 фунти

Браншата смета дека повеќето од овие пречки можат да се надминат со правилна стратегија и бара да се продолжат субвенциите, како и возилата дополнително да се ослободат од данок. На тој начин, цената на семеен електричен автомобили би се намалила за просечно 5.500 фунти (са. 6.200 евра), односно на автомобил со приклучен хибрид за 4.750 фунти (са. 5.350 евра). Резултатот би било достигнување на продажба од вкупно 2,4 милиони возила во следните пет години. Уделот на возилата на струја соодветно би се зголемил на 28% до 2025 година, наспроти осум проценти денес.

Бројот на полначи до крајот на деценијата треба да се зголеми на 1,7 милион, а потоа на 2,8 милиони полначи до 2035 година. Моментно во Велика Британија се поставени 19.314 јавно достапни полначи. За да се исполни целта за 2,4 милиони електрични возила, понатаму секој ден ќе треба да се поставуваат по 507 нови полначи до 2035 година, што ќе чини 16,7 милијарди фунти (18,7 млрд. евра)

Британија досега има исплатено 1,7 милијарда фунти за субвенционирање на продажбата. Уште половина милијарда фунти се планирани за поставување мрежа од полначи по автопатиштата и уште 200 милиони за проширување на мрежата во градовите.

>>> Електричните со досег до 300 km од 2024 година поевтини од бензинци

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault K-ZE

Renault се реорганизира, продажните рекорди повеќе не се целта

Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар

Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар