Renault се реорганизира, продажните рекорди повеќе не се целта

Renault K-ZE
Renault K-ZE

Францускиот производител Renault го поставува бизнисот одново, откако претрпе масивна загуба во висина од неколку милијарди евра.

Делувањето на групацијата во иднина се расчленува на четирите подрачја Renault, Dacia, Alpine и Нова Мобилност. Секое подрачје ќе поседува сопствена и самостојна организација.

Според Лука де Мео, новиот шеф на концернот, на тој начин се постигнува поедноставна организација, што ќе може повеќе да се ориентира на резултатите на своето работење.

Со новата организација се зголемува и мотивираноста и чувството на припадност на вработените во одделните единици. Менаџерите исто така ќе се ориентираат повеќе кон клиентите.

Во првото полугодие, Renault претрпе рекордна загуба од 7,29 милијарди евра, од една страна поради корона-кризата, од друга страна поради слабите резултати на партнерот Nissan. Лани во истиот период, концернот имаше заработка во висина од 970 милиони евра.

Новиот шеф Де Мео ја презеде функцијата во почетокот на јули. За првиот месец од следната година веќе се најавува нов план за санација и нова стратегија.

Планот на Италијанецот е целосно откажување од ловот на продажни рекорди, како што тоа го практикуваше поранешниот шеф на концернот Карлос Гон. Renault најави скусување на 15.000 работни места во светски рамки, како и смалување на трошоците во обем од две милијарди евра.

Новиот шеф на Renault ги става сите карти на идниот Megane

renault MORPHOZ
renault MORPHOZ

Претходна објаваSeat отвори „Хола Тапас Бар“ во Виена
Следна објаваПоловина Британци ценат дека 2035 година е преблизу за преод на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here