за

Новиот шеф на Renault ги става сите карти на идниот Megane

Лука де Мео ќе презема класични потези во кроењето на идната гама на Renault, моделите со мала заработка и слаба продажба заминуваат, се става нагласок на традиционалните вредности, на Megane

renault MORPHOZ
renault MORPHOZ

Renault ќе скуси голем број модели од својата понуда. Новиот извршен директор Лука де Мео ќе стави нагласок на C-сегментот, односно на Megane и Kadjar. Продажбата на Clio врви одлично, но новиот шеф сака уште повеќе.

Следните години се од пресудна важност за Renault, a тешката задача за францускиот производител да се врати на добриот пат му припадна на Лука де Мео. Во интервју за гласникот на браншата, Аутомотив Њуз, новиот шеф открива дека веднаш го „нападнал“ моделското портфолио на Renault. Тоа значи дека следи скусување на понудата.

Топ-менаџерот со искуство во најголемите автомобилски коцнерни понатаму открива дека плановите за идните модели се сменети во овој кус период досега и дека ќе се вложува во сегменти што бележат раст и носат профит. Мео посебно го нагласува С-сегментот, како најважен дел од неговата стратегија. Тоа изгледа во спротивност со актуелниот успех на Clio, кој во корона-кризата е најпродаван модел во Европа, но припаѓа еден сегмент подолу, во B-сегментот.

Де Мео цени дека е „опасно“ ако марката се потпира во најголем дел на автомобили од пониските сегменти. Таму е помала заработката и тоа е воедно и причината зошто повеќе производители се откажаа од модели од A-сегментот. Според тоа, големи се изгледите дека и Twingo нема да добие наследник. Но, заминуваат и некои модели од повисоките сегменти. Тоа важи за Espace, Scénic и за Talisman, кои исто така може да не ја доживеат следната генерација.

Иако Clio, а секако и Captur, ја полнат касата на Renault, Де Мео сака силна поддршка од класата на Megane. Следната генерација на компактот мора да биде вистински успех, а тоа важи уште повеќе за Kadjar, кој е сигурно дека ќе мора да биде многу поуспешен отколку сегашниот модел.

Французите веќе покажаа како ќе изгледа идниата компакт класа, преку концептот Morphoz. Можно е да има два модели, еден кросовер и еден СУВ. Првиот ќе биде наследник на Megane, додека вториот ќе биде позициониран повисоко и со тоа ќе ја преземе улогата на нов знаменосец на француската марка. Секако дека може да се очекува и електрична верзија од идниот СУВ. Renault подготвува нова модуларна платформа CMF-EV за повеќе модели со електричен погон.

068_renault_morphoz

>>> Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW R 18 Dragster

R 18 Dragster: Тука сé му е препуштено на моторот на BMW

Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми

Половина милион возачи во Холандија уште се со зимски гуми