Една од најголемите дизајнерски ѕвезди на сцената на кастом-мотоциклите, Роланд Сендс, доби задача од производителот да го почести BMW E 18 со преработка што покажува дека во првиот крузер на Баварците лежи голем потенцијал за работа. Уникатот се води како BMW R 18 Dragster и прави да е многу очигледно дека креативноста на Сендс не познава граници.
Инспирацијата за преправката пристига од личното минато на Роланд Сендс. „Кај моторот што толку нагласено е во центарот на мотоциклот, веднаш помислив на мусклулестите автомобили. Мојата фамилија отсекогаш имала страст за брзото возење, а мојот татко беше драгстер-тркач.“ Со таква идеја, дизајнерот го задржал само најосновното и го модифицирал мотоциклот да вози брзо на прав пат.
BMW Motorrad во април го претстави R 18 како свој прв крузер. Традицијата на марката е присутна во полн обем и во овој модел, како во техниката, така и во изгледот. Голем дел од инспирацијата доаѓа од BMW R 5. Боксер-моторот е нагласен како епицентар на возачкото уживање.
Двоцилиндарскиот боксер во R 18 е комплетно нов и најверно ја продолжува традицијата на воздушно ладените машини што се грижат за посебно доживување уште од 1923 година.
Најголеми предизвици за Сендс биле сокривањето на електрониката, воведувањето нитро и преправката на системот за старт. За комплетната преработка биле потребни три и пол месеци, вклучувајќи и проба на тркачка патека.
https://www.youtube.com/watch?v=2sg8wBhBqE0
https://photos.app.goo.gl/hDJJdsLyjR4Mt34h8
https://photos.app.goo.gl/Ru713wVDSCbw7Vch9
















