Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID.3

Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID3

Еден месец пред пристигањето на новиот ID.3 за пробни возења, прво во германските салони, Volkswagen започнува со обемни обуки на својот продажен персонал. За таа цел, денес во Автомобилскиот град им беа предадени 100 возила на тренери, кои понатаму ќе ја вршат обуката во 865 салони низ Германија, во рамките на ID.3 Roadshow.

Во нормални услови, ваквите обуки се вршат централно за сите дилери, но корона-кризата наметна различни услови за овој важен дел од воведувањето на секој нов модел во продажба. Во рамките на роуд-шоуто, тренерите ќе ги посетат сите 865 продажни салони на марката во Германија и темелно ќе ги објаснат сите посебности на ID.3.

Салонскиот персонал ќе се запознава со сите функции на софтверот во возилото, со иновативните команди, како и со конкретните подрачја за електричниот погон, односно со услугата за полначи We Charge и со посебните услуги како We Connect, за поврзување со паметен телефон. Секако дека роуд-шоуто предвидува и пробно возење, вклучувајќи и динамични тури, за уверување во возните својства на електричниот компакт.

Запознавањето на дилерската мрежа со новиот Volkswagen ID.3 ќе трае пет недели, до почетокот на септември. Во секој салон ќе има на располагање по два примероци од возилото. Целта е да се обучат 6.000 лица во германската мрежа на марката.

Volkswagen вложува милијарди евра во електричниот погон

Испораката на специјалната воведна серија ID.3 1st Edition што е ограничена на 100 примероци ќе започне во септември. Од 20-ти јули може да се нарачуваат и седумте претходно конфигурирани варијанти на ID.3. Нивната испорака ќе следи во октомври.

Volkswagen планира до 2022 година да понуди електрични автомобили во поважните сегменти, со цел концернот да стане светски лидер во електромобилноста. До 2024 година се вложуваат 33 милијарди евра во погонот на струја, од кои една третина се само за марката Volkswagen. Очекувањата се дека марката до 2025 година ќе продаде 1,5 милион електрични автомобили.

>>> Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Volkswagen ID.3
Volkswagen ID.3

Претходна објаваChevrolet организира целонеделен собир на фанови – виртуелно
Следна објаваR 18 Dragster: Тука сé му е препуштено на моторот на BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here