за

Chevrolet организира целонеделен собир на фанови – виртуелно

Култовите на големите марки на автомобилската сцена се создаваат и се одржуваат на масовните собири, но годинава не е вистинско време за такви собири. Затоа, Chevrolet избра виртуелна форма

Chevrolet организира целонеделен собир на фанови – виртуелно
Chevrolet организира целонеделен собир на фанови – виртуелно

Крстосување со Chevrolet низ САД е нераздвоен дел од богатата автомобилска култура од другата страна на океанот. Летото е вистинската сезона за долги и нераборавни тури по северноамериканскиот континент, но годинава не е „вистинската“. Фановите на марката и на авантуристичките возења не можат да се соберат и по којзнае кој пат да го прослават култот на Chevrolet, затоа што пандемијата ограничува многу во поглед на масовните собири.

Решение секако мора да има. Chevrolet на своите канали на друштвените мрежи ќе организира целонеделна прослава на над стогодишната автомобилска историја на марката. Во неделата од 10-ти до 16-ти август, Chevrolet ќе се погрижи на фановите на марката да им обезбеди доживување исто како на вистински настан.

Првиот човек во маркетингот на Chevrolet, Стив Мејџорос, порачува дека „собирите со стари автомобили беа местото на коешто ѝ оддававме чест на долгата автомобилска историја на Chevrolet и на неговото влијание на нашата сегашност и иднина. Cruisin the USA in your Chevrolet e начин за тој дух да го одржиме во живот.“

Секој ден на фестивалот ќе биде посветен на различна тема и на публиката ќе ѝ обезбеди историски снимки, гостувања, интересни факти и друго. Експерти на Chevy ќе откријат детали за најценетите историски модели на марката, што се наоѓаат во музејот на General Motors.

Неделата почнува со навраќање во 1911 година, кога Chevy е основан од Луи Шевроле и Били Дурант. Публиката ќе види ретки архивски фотографии и видеа од изминативе 109 години. Дечињата исто така можат да се придружат, со преземање на посебно дизајнирани боенки, сложувалки и активности од училиштето за дизајн на Chevy.

Календар на настани:

August 10: The Origins and Innovations of Chevrolet 

August 11: Chevy’s Most Iconic Designs

August 12: The Proud Truck Tradition

August 13: The Peak of Performance

August 14: Team Chevy – A Culture of Winning

August 15: Chevy’s Heritage – A Fan Celebration

August 16: Race Day – Cheering on Team Chevy at NASCAR and the NHRA Nationals

За да се подготват за настанот, фановите можат да преземат колекционерски постер подготвен за печатење, со големина од 18х24 инчи (46 х 61 сантиметри) и со висока резолуција. Постерот ги прикажува пикапот C10 CST од 1967 година, Corvette кабриолет од 1957 година, Corvette C8.R и Camaro ZL1 од 2020 година.

Настанот ќе се одржува на каналите на Chevy на друштвените мрежи – @Chevrolet на Twitter, Instagram и Pinterest, односно @TeamChevy на Race Day. Фановите можат да ги објават своите вредни фотографии користејќи го хаштагот #ChevyLove.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda рекорден удел германија

Skoda со рекордни седум проценти удел на германскиот пазар

Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID3

Volkswagen започна со обука на салонскиот персонал за ID.3