за

Електричните со досег до 300 km од 2024 година поевтини од бензинци

Моделите од компакт класата со електричен погон и со досег до 300 километри, од 2024 година ќе бидат подостапни од споредливи модели со бензински мотор

Возачите на електричен Volkswagen со пристап до 150k полначи

Најдостапните модели со електричен погон што обично имаат досег до 150 километри, уште сега постигнуваат пониски трошоци во споредба со моделите со обичен погон. Трошокот за производство на електричен автомобил моментно е 4.500 евра повисок отколку за класичните модели. Во 2030 година, еден киловатчас батерија ќе ги чини производителите 68 евра, место сегашните 90 евра. Тоа се следните трендови во електромобилноста.

Производителите на автомобили ќе мораат уделот на електрични модели во својата понуда да го зголемат на 35 до 45 проценти, за да останат под лимитите за СО2 од ЕУ. Престижните модели со моќен електричен погон и досег над 600 километри и натаму ќе останат скапи за поширокиот круг купувачи.

Наспроти тоа, моделите во буџетскиот сегмент, со досег од околу 150 километри, веќе го надминаа TCО-прагот (Total Cost of Ownership). Тоа значи дека вкупните трошоци за поседување и користење кај електричните автомобили од овој сегмент веќе се пониски отколку кај моделите со обичен погон.

Експертите предвидуваат дека моделите од компакт и од средната класа, со досег од околу 300 километри, дури и без државни субвенции, по 2024 година ќе бидат подостапни за поседување и користење од автомобилите со мотор со внатрешно согорување.

Електричното Mini достигна 11.000 примероци
Електричното Mini достигна 11.000 примероци

За тоа да се случи, производителите претходно ќе мораат да се соочат со голем предизвик. Производството на автомобили со електричен погон, вклучувајќи и приклучни хибриди, и натаму е поскапо. За да се произведе автомобил со приклучен хибриден погон во ЕУ, трошоците моментно се 3.600 евра повисоки во споредба со модели со класичен погон. Овој трошок е уште повисок кај чисто електричните модели, кадешто истиот фигурира со просек од 4.500 евра по возило. Поради помалите серии, производството на автомобил со погон на водород е за дури 35.000 евра поскапо отколку на автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Освен пониските трошоци и отсуството на штетни материи, за изборот на електричните автомобили и натаму решаваат безбедноста, комфорот, практичноста

Освен оперативните трошоци, на купувачите при изборот на електричен автомобил им се важни и „класичните“ вредности, односно безбедноста и комфорот, приспособливоста, чувството при возење, но и одржливоста и пристапот во псоебно заштитени еко-зони. Проширувањето на градските зони во коишто смеат да пристапуваат само возила со нулта емисија на штетни материи претставува клучен фактор за натамошниот раст во продажбата на електричните возила.

Lexus UX 300e
Lexus UX 300e

До 2030 година ќе се смалат дополнителните трошоци кај возилата со електричен или хибриден погон. Овие трошоци кај приклучните хибриди ќе се смалат на 2.500 евра, кај електричните на 1.500 евра, а најголем пад ќе има кај водородниот погон, кој ќе биде само 3.000 евра поскап од конвенционалните погонски решенија.

Најголем дел од овие дополнителни трошоци отпаѓа на батеријата. Таа учествува со околу 80% во повисоката цена на електричните автомобили. Со напредокот на техниката, се очекува цената на киловатчас батерија, до 2030 година да се намали од актуелните 90 на 68 евра.

Електричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија

VOLKSWAGEN id.3 рекорд швајцарија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG SL Roadster 00001

Овој Mercedes сака сонце: Нов SL во напредна фаза од тестирањето

Porsche Panamera моделско освежување 2020

Новата Porsche Panamera ги поместува реперите на 630 КС