Полскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси

Полскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси
Полскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси

Во Краков наскоро ќе пристигнат 50 електрични автобуси со зглобна конструкција. Автобусите се од домашно производство, од специјалистот Solaris. Возниот парк во градот опфаќа 400 автобуси, од кои 28 веќе возат погон на струја.

Краков нарача 50 зглобни електрични автобуси и исто толку полначи, кои ќе бидат испорачани најдоцна за една година. Договорот со домашниот производител на електрични автобуси Solaris е вреден 165,4 милиони полски злоти, односно околу 36,2 милиони евра.

Во полскиот град веќе сообраќаат 28 електрични автобуси. Новата нарачка доаѓа како резултат од позитивните искуства на претпријатието за јавен превоз, како во поглед на квалитетот на автобусите, така и во сервисирањето. „Горди сме што реално влијаеме врз подобрувањето на квалитетот на воздухот во Краков,“ изјави Петрос Спинарис, заменик претседател на Solaris Bus & Coach.

Електромоторите се интегрален дел од погонските оски во нарачаните автобуси. За полнење на батериите постојат две можности: Преку пантограф поставен на покривот или со приклучување на полнач.

Капацитетот е 141 патници и 43 седишта. Автобусот е климатизиран, со УСБ-полначи и електрично греење. Под средната врата е вградена рампа за пристап на лица што користат инвалидска количка.

Краков е петтопласиран во конкурсот за „Зелена престолнина на Европа 2022“. Меѓу факторите што придонесоа за високиот пласман беше еколошкиот транспорт во градот. Електричните автобуси ќе сообраќаат точно во подрачјата од градот во кои е најголема загаденоста на воздухот.

ЕУ ја субвенционира набавката на електричните автобуси со учество од 110 милиони полски злоти, односно 24 милиони евра.

Четири од 100 автобуси во Европа се електрични

Четири од 100 автобуси во Европа се електрични

Претходна објаваИзбрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството
Следна објаваBentley за дневна соба и за спална

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here