за

Четири од 100 автобуси во Европа се електрични

Четири од 100 автобуси во Европа се електрични
Четири од 100 автобуси во Европа се електрични

Бројот на електрични автобуси во Европа се зголемува слично како што напредува и пазарот на електрични автомобили. Статистиката на ЕУ за лани открива дека автобусите на струја учествувале со 4% во обновувањето на возниот парк во регионот.

Високиот удел на автобуси со електричен погон во јавниот превоз во европските градови не изненадува. Тоа што компаниите ги интересира во овој бизнис се ниски работни трошоци, едноставно одржување и издржливост на техниката. Електричниот погон е шампион во овие три категории, но клучниот момент пак е придонесот на автобусите со погон на струја за чист град и за потивок град.

На четирите проценти удел на електричните автобуси во вкупниот број новорегистрирани автобуси во ЕУ лани, се надоврзуваат класичните хибридни автобуси, чијшто удел изнесува 4,8 проценти. Дизелот останува „доминантен“, со учество од 85 проценти во вкупниот возен парк. Кај дизелот сепак постои опаѓачки тренд, и во 2019 година, европските градови нарачале за 3,1% помалку дизели (вкупно 34.123 автобуси). Преостанатите шест проценти отпаѓаат на автобуси со алтернативен погон, односно автогас или метан.

На четири од петте најголеми пазари во ЕУ, дизелот имал двоцифрен пад: Шпанија (-13.8%), Велика Британија (-12.0%), Италија (-11.8%) и Германија (-10.1%). Единствено Франција забележила мал пораст кај дизелите, од +2,4 проценти.

Речиси двојно зголемување во бројот на новорегистрирани електрични автобуси во европските градови

Бројот на новорегистрирани електрични автобуси во ЕУ лани се зголемил за 170% во споредба со 2018 година, кога биле регистрирани 594 нови автобуси на струја (1.607 во 2019 година). Како што спомнавме претходно, вкупниот удел на автобусите на струја изнесува 4,0 проценти. Најголем пазар била Холандија со 381 возило, пред Франција (285) и Германија (187). Само овие три држави сочинуваат повеќе од половина од продажбата на електрични автобуси.

Во меѓувреме пристигаат нови нарачки, меѓу последните се Орлеанс/Франција, за 29 електрични автобуси и Лублин/Полска, за 12 автобуси. Орлеанс планира да користи строго електричен градски превоз од 2025 година. Што се однесува до цената, во случајот на полскиот Лублин, вклучувајќи испорака и поставување 7 станици за полнење, 12-те автобуси чинат вкупно седум милиони евра.

Покрај тоа, во цената на автобусите влегува пантограф, за батеријата во автобусите да се полни краткотрајно на одредени делници. Буквално како врв, на покривот на автобусите ќе бидат поставени фотоволтаички панели, кои ќе произведуваат струја за потрошувачите во просторот за патници. Градот претходно нарача дваесет електрични автобуси.

MAN се подготвува за старт со електрични автобуси

MAN се подготвува за старт со електрични автобуси Man Lions City 18 E

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возач сакал да прикрие докази за судирот побегнал со таблиците

Возач сакал да прикрие докази за судирот, побегнал со таблиците

toyota pro ace city verso

Toyota Proace го носи домот во багажник