Bentley за дневна соба и за спална

Bentley за дневна соба и за спална
Bentley за дневна соба и за спална

Разлика меѓу начинот на изработка и изборот на материјали во кабината на Bentley и во луксузниот дом на сопствениците на таков автомобил, речиси не постои. Британската мануфактура го користи тоа веќе години наназад и под имиџот на своето име продава ексклузивен мебел, како Bentley Home.

Сличности постојат и во формите и дизајнот. Во меѓувреме од Кру доаѓа нова Newent Collection, со врвен квалитет, единствен луксуз и импресивна изработка.

Дизајнер на Newent Collection е италијансиот архитект и стилист Карло Коломбо. Ѕвезда во новата колекција е софата, која што може да се дополни со фотелја, столица и легло. Тапацирањето со кожа или платно е целосно избор на клиентот, исто како и видот на фурнирот.

Стилот на Newent ја следи колекцијата Richmond, прва што беше лансирана под брендот Bentley Home во 2013 година.

Цените за испорака од фабрика (без данок):

https://photos.app.goo.gl/6YB3wFi6PoYSnMTs9

Newent Armchair

€: 8.650, £: 7.440, $: 9.040

Newent Sofa

€: 14.070, £: 12.100, $: 14.710

Newent Bed

€: 11.430, £: 9.830, $: 11.950

Newent chair

€: 4.050, £: 3.480, $: 4.230

https://www.instagram.com/p/CA0lQ3nnTF7/

Колку чини дополнителната опрема во Bentley?

Bentley Continental

Претходна објаваПолскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси
Следна објаваРоботски автомобил доставува лекови во Хјустон