за

Избрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството

Избрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството
Избрани четири градови со најдобра мобилност, два во соседството

Шпански град осум години нема загинати во сообраќајот. Српски Крушевац има најдобар концепт на мобилност, Брисел е апсолутниот победник според Комисијата на ЕУ.

Во шпанскиот град Понтеведра уште од 1999 година се бележи постојано намалување на бројот на загинати лица во патниот сообраќај. Во периодот меѓу 2011 и 2018 година, во овој град по крајбрежјето на Галиција, немало ниту еден случај да загине човек во сообраќајот по улиците на градот. За тоа да се постигне, Градот воведе низа мерки за подобрување на безбедноста, но и на одржливоста.

Понтеведра применува јавно видлива и грижлива сообраќајна политика, со којашто се утврдува кои мерки се ефективни, а кои треба да се подобруваат. Во исто време е зголемена т.н. активна мобилност, односно пешачењето и возењето велосипед. Четири од секои пет деца на возраст меѓу 6 и 12 години пешачат сами до училиштето. Жирито било посебно одушевено од широкиот дијапазон на мерки, меѓу кои ограничување на брзината на 10 до 30 km/h и проширување на јавните површини што се привлечни за пешачење.

Српскиот град Крушевац ја освои наградата за Европската недела на мобилноста за 2019 година. Во конкуренција на помали градови, победи грчката Кардица. Носител, пак, на главната награда во рамките на „неделата на мобилноста“, којашто се доделува осма година и се води како SUMP Award (Sustainable Urban Mobility Planning, односно концепт на одржлива урбана мобилност) ја освои белгискиот град Брисел.

>>> Во Брисел ќе се вози 30 km/h: Побрзо само на главните улици

Советничката за транспорт, Адина Валеан, изјави: „Би сакала да им ја искажам мојата искрена благодарност на победничките градови – вашите акции се моќни примери што сведочат за водечката улога којашто локалните лидери можат да ја преземат за нашите градови да ги направат почисти, побезбедни и поодржливи. Се надевам дека ова ќе послужи како инспорација за градовите кои ги менуват своите стратегии на мобилност, особено во време на тековната пандемија.“

>>> Електромобилност: Македонски компании и институции градат имиџ врз погонот на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили

Полскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси

Полскиот град Краков нарача 50 електрични автобуси