По студијата без покрив од салонот во Париз, за швајцарскиот следи нејзина изведба со покрив. Идејата е да се прикаже дека едноставното секогаш може да се направи уште поедноставно. Покривот на smart forease+ е поблиску до шаторско крило, отколку до покрив.
Марката со малечките, а паметни автомобили на Daimler подготвува покриена изведба на студијата smart forease за салонот во Женева, кој почнува на 7-ми март. Верно на принципот на едноставноста, верзијата со покрив се води како smart forease+, а соодветно на тоа и покривот се нарекува #rooflove.
https://photos.app.goo.gl/ddGxPb8KwcjaXrDj7
Скелетот на покривот е изработен од лесна, но цврста пластика, врз кого што е распнат платнен покрив. Кога времето повторно ќе се нормализира, покривот се отстранува лесно и се остава дома. Поевтино решение од тоа, тешко може да се замисли.
https://photos.app.goo.gl/mxRy6u2TGDehxrXz8
Во урбаната средина, кадешто е природната средина на smart, сцената ги почитува паметните и штосни идеи како #rooflove. Странични прозорци не се предвидени, исто како и задно стакло. Сé е отворено. И едноставно.
Smart forease ја продолжува традицијата на smart forstars од 2012 и smart fourjoy од 2013 година
Стакло не се предвидува ниту за предните светла. Тие се состојат од три активни диодни елементи, кои даваат посебен печат. Слично се изведени и задните светла, кои го менуваат изгледот зависно од аголот на гледање.
https://photos.app.goo.gl/ZthNBHnCM4Ykdz3K9
Бандажите се уште еден различен детал, со дизајн кој укажува на тоа дека smart во блиска иднина ќе вози само на струја. Основата на smart forease+ е серискиот модел smart EQ fortwo cabrio. Од 2020 година, целата моделска понуда на smart ќе се состои од електрични возила.
Smart во издание на спортски двосед во Париз
Како мини-марката smart стана милионска марка
Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја
Smart со нарачка на автомобил преку интернет и испорака до дома
















