Smart во издание на спортски двосед во Париз

smart forease_n

Студиските автомобили на Smart секогаш привлекуваат внимание на големите салони. Smart forease настапува во Париз и во него има многу „вистина“ за иднината

Smart ќе допатува на салонот во Париз со студија на отворен двосед со електричен погон. Студијата со име forease е замислена како класичен спидстер, без покрив и со низок ветробран. Основата, заедно со електричниот погон, потекнува од кабриолет изведбата на Smart fortwo electric drive. Електромоторот постигнува моќност од 81 КС и вртежен момент од 160 њутнметри.

Во дизајнот се препознава типичната форма на Smart, но отсуствуваат секакви стилски додатоци. И во тој поглед, Smart forease е доследен на начелата на спидстерите. Главниот нагласок го ставаат зелените детали. Напред нема маска, затоа што е непотребна кај електричниот погон. Магленките се преместени покрај логото на марката. На местото на обичните светла се наоѓаат три вертикални светлосни единици од светлечки диоди.

Smart forease има мини-димензии, но има макси-почитување на начелата на спидстерите

Назад доминираат двете грпки, коишто исто така се неизоставен дел од спидстер-концептот. Подножјето на грпките преоѓа во масивен заден спојлер, како еден вид стреа над опашот. Динамичната појава се заокружува со масивниот дифузор и со задните светла со тридимензионален ефект.

Smart forease 2
Smart има традиција на претставување радикални концепти – кои неретко доживувале и реализација

Зелените детали се присутни и во внатрешноста, на пример на страниците на седиштата и околу средишниот дисплеј. Пресечениот горен дел од воланот е радикален детал што мора да го поседува еден шоу-автомобил. Дизајнерите си поиграле и со двата мали дисплеи на местото на отворите за проветрување, како и со рачките коишто се впуштени во вратите. „Затворениот“ дизајн на бандажите веќе често се повторува кај електричните автомобили и укажува на големото внимание што се посветува на аеродинамиката.

[FAG id=35287]

Како мини-марката smart стана милионска марка

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струјаSmart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја

Smart со нарачка на автомобил преку интернет и испорака до дома

Претходна објаваНовитетите на автосалонот во Париз
Следна објаваCupra ги отвори тефтерите: Старт од 42.850 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here