за

Новитетите на автосалонот во Париз

Peugeot e-Legend Concept, новитети Париз

Браншата на секои две години патува за Париз, за таму да ги претстави најновите модели и студии. Иако годинава има помалку производители, новитетите не недостигаат. Прв преглед на тоа што публиката може да очекува на салонот покрај Сена

Во Париз уште од 1898 година се одржува „Mondial de l’Auto“, како еден од најважните салони за автомобилската бранша. За јубилејната 120-та година на „автомобилскиот мондијал“, производителите повторно најавија изобилство од новитети. Списокот е долг, иако неколку големи марки го откажаа своето присуство во Париз. Меѓу фирмите што воопшто нема да се појават на салонот се Volkswagen, Ford, Mazda, Volvo, Opel, Nissan и Alfa Romeo.

Причина за изостанувањето на салонот е тоа што производителите денес им даваат поголема важност на сопствените манифестации. На тој начин, тие го добиваат целото внимание од публиката и медиумите. Зад кулоарите се зборува и дека организаторите на големите автосалони наплаќаат премногу за штандовите на производителите.

Домашните производители уште се таинствени околу нивната постава за салонот во Париз

Светски премиери сепак нема да недостигаат: Пристигаат новиот Porsche 911 од генерацијата 992, новиот B-Class, серијата 3 на BMW, Hyundai i30N Fastback и Skoda Kodiaq RS. Тоа се само неколку од вистинските новитети што светот ќе ги види првпат на парискиот салон, од 4-ти до 14-ти октомври.

Некои марки пристигаат во Париз со салонски премиери. Тоа значи дека овие модели веќе имале премиера на други настани или се појавиле во медиумите. Меѓу најинтересните во оваа група новитети се новиот Audi e-tron, освежениот Porsche Macan, големиот СУВ-модел Seat Tarraco и DS 3 Crossback. Посетителите сигурно нема да ги прескокнат и новитетите, како што се комби изведбата на Toyota Corolla, Mercedes-AMG A 35 или Renault Mégane R.S. во лутата варијанта Trophy.

Вниманието ќе го привлекуваат и новите генерации на Audi A1 и A6 Avant, купето од серијата 8 на BMW – можеби во Париз ќе биде прикажан и концепт на кабриолетот во оваа моделска серија – исто како и родстерот Z4 и новиот теренец X5. Кај Mercedes е сосем извесно дека на штандот ќе се појави новиот GLE, заедно со лимузинската изведба на A-Class. Porsche може да ги прикаже силните варијанти GT4 и Spyder од 718 Cayman и Boxster.

Alpine може да изненади со студија на СУВ-модел

Покрај многубројните нови модели, во Париз по традиција се прикажуваат и неколку студиски автомобили и концепти. Две премиери се сосем сигурни, тоа се Skoda Vision RS и Peugeot e-Legend Concept. Француското купе со ретро стил и електричен погон несомнено ќе биде еден од главните магнети за публиката.

Французите ќе ја прикажат и комби-изведбата од новиот Peugeot 508, со традиционалната ознака SW. Важен новитет се и моделите од новата генерација плагин-хибриден погон во моделските серии 508 и 3008 на Peugeot. Уште не е потврдено дали и Alpine ќе се качи на возот на супербрзи СУВ-модели. Во халите на Париз Експо Порт де Версај, на крстосницата на Периферик со Булеварот на Маршалите, ќе продефилираат и голем број концепти со електричен погон.

Салонот ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, односно до 22 часот четврток и петок. Дневна карта чини 16 евра, најлесно се пристига со метро, со линија број 12.

Неколку од главните новитети за салонот во Париз

Porsche 911 (992)

911-992-porsche (7)

BMW серија 3

Нова серија 3 на BMW (G20) 4

Audi e-Tron

Audi e-tron 1

Porsche Macan

Porsche Macan со нови мотори и без дизел

BMW Z4

BMW Z4 1

Renault Megane R.S. Trophy

Renault Megane RS Trophy е формула 1 болид за секој ден

Купе од серијата 8 на BMW

BMW 8 Coupe 3

Кабриолет од серијата 8 на BMW

Серијата 8 на BMW ќе вози и без покрив

BMW X5

BMW X5 4-ta generacija 4

Mercedes GLE

Mercedes GLE 16

Peugeot e-Legend Concept

Peugeot e-Legend Concept 9

Peugeot 508 SW

PEUGEOT 508 SW ги става СУВ-фановите на мисла

Alpine SUV

Alpine SUV

Mercedes B-Class

Mercedes B-Class

Mercedes B-Class, ентериер

Mercedes B-Class enterier

Skoda Vision RS

Skoda Vision RS

Seat Tarraco

Seat Tarraco

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage 16 GDI Test

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

smart forease_n

Smart во издание на спортски двосед во Париз