Renault Megane RS Trophy е формула 1 болид за секој ден

Renault Megane RS Trophy

Бројката за моќноста на Renault Megane RS Trophy за првпат почнува со тројка. Но, неговата вистинска способност се изразува со други бројки. Со пулсот на возачот, на пример

Кратенката RS толку често се спомнува заедно со Renault Megane, што човек може да стекне впечаток дека Французите ја нудат само оваа верзија во гамата на својот компакт. Секако дека фината марка со ромбот има најширока можна понуда од мотори, нивоа на опрема и опции, но кога ќе се спомне Megane, најчесто се помислува прво на верзијата што доаѓа од Renault Sport. Втората асоцијација е Trophy.

Renault Megane RS Trophy5

Со примена на искуствата од формула 1, моќноста на 1,8-литарскиот турбо порасна за 20 КС и сега изнесува рамно 300 КС. Верзијата со менувач со двојна спојка располага со вртежен момент од 420 њутнметри, што е 20 њутнметри повеќе од верзијата со мануелен менувач.

Renault Megane RS Trophy забрзува од 80 до 120 km/h во третиот степен за 3,1 секунди

Оваа дополнителна моќност се покажува и во перформансите. Renault Megane RS Throphy спринтува до темпо сто за само 5,7 секунди, што е за една десетина подобро од стандардниот RS. Крајната брзина исто така расте за 5 km/h, на 260 километри на час. Овие бројки сепак не ја покажуваат вистинската промена во карактерот на RS Trophy, којашто најдобро ќе се почувствува на тркачка патека. Меѓузабрзувањето од 80 до 120 km/h, во третиот степен трае само 3,1 секунди.

Renault Megane RS Trophy4

Присуството на филтерот за честички, којшто е задолжителен и кај бензинците според Euro 6d-Temp, бараше неколку интервенции во турбополначот. Тој доби керамички лежишта, со трипати намалено триење во споредба со обичните лежишта. Како дополнителен ефект, скусено е и времето на реакција на турбото.

Освен во турбонатполнењето, екстра моќноста е постигната и преку издувниот систем. Првпат во модел на RS се користи механички вентил, којшто дозволува да се избере потивок издув во градска средина и „нормален“ звук во средина кадешто тој не пречи. Вентилот се контролира автоматски, зависно од изборот на Multi-Sense.

Renault Megane RS Trophy3

Управувањето на сите тркала од Megane RS останува. Стандарно следува и тркачкото подвозје, со механичка блокада на диференцијал, за 25% потврди амортизери и за 30% постегнати пружини, како и за 10% покрути стабилизатори. Предните сопирачки дискови на Trophy се изработени во комбинација од два материјали и полесни се за 1,8 килограм – по тркало. Покрај тоа што на овој начин се смалуваат инерциските сили од втор ред, сопирачките се одликуваат и со подобрена издржливост при загревање. Сопирачките клешти од Brembo се лакирани во црвено.

Renault Megane RS Trophy1

Бандажите од 19 инчи со впечатливиот Херез-дизајн се уште еден заштитен знак на RS Trophy. Од следната година ќе бидат достапни и Фуџи бандажи, полесни за 2 килограми, со гуми Bridgestone Potenza S007. Јапонците изработија специјална верзија на „S007“ за лутиот Megane.

Зад воланот се опција новите тркачки седишта од Recaro, различни од RS, со седење пониско за 20 милиметри и обложени со алкантара. Познавачите ќе се сетат дека алканатарата е двапати полесна од кожата. Ова сепак е машина направена од луѓе што се разбираат од мотоспорт.

Претходна објаваУнгарската тест-патека ќе ги привлекува автомобилските производители
Следна објаваЛимузински Mercedes A-Class пристига на крајот на годинава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here