BMW M5, Mercedes-AMG GT R и Audi R8 постигнуваат многу и имаат широк круг на обожуватели. Тоа е неоспорно. Но, исто толку е неоспорно и дека моделите што излегуваат од Mercedes-AMG, M GmbH или Audi Sport им носат екстра заработки на своите матични марки. Овој „трик“ сега сакаат да го применат и големосериските марки.
Renault Alpine
Французите неодамна ја вратија во живот марката чиешто име директно асоцира на тркачка патека. Renault уште во 1973 година ги откупи акциите во Alpine, а пет години подоцна стана и целосен сопственик на легендарната марка. Автомобилите што беа развиени под режија на Renault сепак не го постигнаа успехот на оригиналните модели на Alpine. Производството престана во 1990-те години.
https://www.flickr.com/photos/127653547@N06/38991827382/
Alpine се врати во 2014 година, а лани започна и продажбата на A110. Именуван по култниот тркач од 1960-те години, новиот Alpine е чистоквен спортист, со алуминиумска конструкција и врвни возни својства и перформанси. Воведната серија од 1955 примероци, во знак на годината на основање на марката, беше расподадена уште пред кој било купувач да седне во возилото. Цената: 58.500 евра.
Во фабриката во Диепе моментно се изработуваат примероците од специјалната серија. Доколку се нарача сега, возилото ќе биде испорачано најрано за една година. Голема е веројатноста дека ќе следат и други модели во гамата, ова е сепак марка на Renault, а тие обожуваат да се тркаат. Екстремните спортски верзии на Renault Sport ќе продолжат да се појавуваат, но не под знакот на Alpine. Тоа се две различни марки.
Volvo Polestar
Polestar е две во едно: Свежо промовиран производител на престижни автомобили со електрифицирана погонска спрега и одделение за тјунинг. Polestar влече корени од 1966 година и од тркачкиот тим Flash Engineering, кој по промената на сопствеништвото во 2004 година станува Polestar. Тркачкиот тим користи модели на Volvo. Подоцна се појавуваат и тјунинг варијанти на сериските модели на шведската марка.
По преоѓањето под Volvo во 2015 година, Polestar ги нуди S60 и V60 со своето име и со мотори навиени на 367 КС, како пандан на M3 или C 63. Но, откако и Volvo преоѓа под кинескиот Geely, новиот сопственик бара Polestar да се позиционира како премиум марка со електрични автомобили.
Polestar 1 штотуку го заврши тестирањето во арктичките студови и се подготвува за стартот на производството. Скапото и претставително купе со цена од 155.000 евра, вози со 600 КС, комбинирани од бензински мотор за предната оска и два електромотора за задните тркала. В година следи Polestar 2, како конкурент на Tesla Model 3, а две години подоцна пристига и СУВ со погон на струја.
Toyota GRMN
Кратенката што звучи мистериозно за многумина, не означува друго освен „Gazoo Racing Master of Nürburgring”. Двете букви GR во иднина ќе се среќаваат кај повеќе модели и во повеќе варијанти, почнувајќи од GR-S за стилските надградби, преку GR за благ тјунинг, до GRMN за топ-верзиите.
Прв е Yaris GRMN, в година следи Auris, а се претпоставува дека ќе постои GRMN верзија и од новото купе Supra што се развива со помош на BMW.
Cupra
Cupra не е ниту нова, ниту се менува нешто друго, освен тоа што досегашните модели Cupra, место под знакот на Seat, ќе се продаваат под сопственото лого. Прв модел под знакот на тризабецот во бакарна боја е Cupra Ateca, со бензинец со 300 КС, четири издувни цевки и спортски седишта.
Веќе се прикажани и „студии“ на база на Ibiza и Arona. Нема најави дека ќе се развиваат посебни модели. Cupra ќе учествува и во мотоспортот.
Hyundai N
Спортските модели на Hyundai се водат под буквата N. Асоцијацијата е Намјанг, развојниот центар во Кореја, но и Нирбургринг. Автомобилите под овој знак се развиени користејќи ги искуствата на Корејците во мотоспортот. Организациски, моделите N не се поврзани со мотоспортот, туку само со одделението коешто изведува спортски варијанти од постоечките модели.
За почеток има две варијанти од i30, едната со 250 КС, другата со 275 КС. Исто како кај Cupra, мала е веројатноста дека „N“ ќе развива посебни модели.
BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild
Овие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S
Alpina B3 S Bi-Turbo е џентлменската алтернатива на BMW M3





















