за

Како мини-марката smart стана милионска марка

smart sobir vo spanija

Пред точно дваесет години, тогашниот француски претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Хелмут Кол го означија стартот на фабриката „смартвил“ во Хамбах, Франција. Светот изгради култ околу smart, досега се произведени над два милиони примероци.

Марката со најинтелигентното име на автомобилската сцена не почитуваше ниту една традиција кога стартуваше на пазарот пред две децении. Почнувајќи од необичниот концепт, преку футуристичката архитектура на фабриката во Хамбах, до продажбата во стаклени кули, smart беше пионер во секој поглед. И останува таков. Веќе од следната деценија, smart ќе биде чисто електрична марка во Daimler.

Во Хамбах моментно работат 800 лица, а исто толку персонал е ангажиран и во добавувачкииот парк покрај фабриката. Третата алка во синџирот е Ново Место, Словенија, кадешто се произведува smart forfour – германскиот близнак на Renault Twingo.

Зошто „смартвил“?

Фабриката во Хамбах се нарекува и Смартвил, а причината за тоа станува јасна доколку се гледа од птичја перспектива. Во центарот на индустрискиот комплекс од 68 хектари се наоѓа главниот објект, со посебни хали за добавувачите на системски компоненти распоредени околу него. Во овие хали се прозведуваат модулите коишто потоа директно се испорачуваат до монтажната лента.

smart е само марка малечки автомобили? Многу повеќе е од тоа. Конструкцијата, првично замислениот начин на продажба,…

Posted by Automedia.mk on Tuesday, October 31, 2017

Во централниот објект во форма на знакот плус се изведува завршната монтажа на smart. Возилата се движат на лента по сите четири „гранки“, секоја со посебна станица за монтажа. Благодарние на големата должина на надворешните ѕидови на гранките, сите модули и делови се доставуваат директно до станиците за монтажа – во вистинско време („just in time“) и по точниот редослед („just in sequence“) – посебно за секое возило.

Системските партнери ги доставуваат модулите и деловите директно преку транспортни мостови, а одредени делови се испорачуваат и со камиони. Во средината на плусот се наоѓа повеќекатна управна зграда. Меѓу партнерите се вбројуваат Magna Chassis (tridion-безбедносната ќелија), Magna Uniport (врати, заден капак), Faurecia (каросериски панели од полипропилен), ThyssenKrupp (заден погонски модул и предна оска) и SAS Automotive (кокпит). Два логистички партнери го компетираат синџирот: Seifert Logistics ги доставува деловите до монтажните ленти и го организира транспортот, додека фирмата MLT Mosolf се грижи за испорака на возилата на 46 пазари низ светот.

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја

Смартвил во 2012 година прв стартуваше со сериско производство на електрични возила во Европа, паралелно со возилата со обичен погон. Моментно во Хамбах се произведува третата генерација на smart fortwo, во обете каросериски и погонски изведби – купе и кабриолет, со мотор со внатрешно согорување и со електричен погон.

Еко-возила од еко-фабрика

Фабриката уште од старт располага со сопствена термоелектрана со погон на гас, којашто испорачува топлина и покрива 25% од потрошувачката на струја. Отпадните води се третираат со мембрански филтри и се поквалитетни од природната вода што се користи при производството.

За 20-годишнината е пуштен во работа фотоволтаички генератор, за производство и примена на соларна струја, како заокружување на севкупата програма за заштита на животната средина.

Неколку факти за почетоците на smart:

  • smart е настанат според идејата на Николас Хајек, пронаоѓачот на некогаш мегапопуларниот рачен часовник Swatch, комерцијализиран во 1989 година
  • Во партнерство со Mercedes-Benz, Хајек ја основа компанијата Micro Compact Car AG со седиште во Бил, Швајцарија
  • во 1994 година започнува развојот на smart city coupe (подоцна smart fortwo)
  • во 1997 година smart е претставен на салонот во Франкфурт
  • Производството започнува во јули 1998 година во посебна фабрика во Хамбах, Франција
  • Продажбата на smart започнува во октомври 1998 година
  • Во истата година Николас Хајек го продава својот удел во Micro Compact Car, со што Daimler станува стопроцентен сопственик на smart
  • Продажбата во почетокот се одвива од повеќекатни стаклени кули со модуларна конструкција, коишто се затвораат по преструктурирањето во 2006 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda nsx, acura nsx, scienceofspeed, sema

Honda NSX ќе држи лекции по брзина на СЕМА

apollo intensa emozione

За Apollo Intensa Emozione пеколот е забавен парк