Cupra ги отвори тефтерите: Старт од 42.850 евра

Cupra Ateca

Cupra, новата спортска марка на Seat, започнува со нарачки за Cupra Ateca со 300 КС. Испораките на првиот модел од марката ќе стартуваат во декември. Цената во Германија е 42.850 евра

Првиот модел на Cupra, порано ознака за спортските топ-модели на шпанската марка, а сега подмарка на Seat, ќе почне да ги вози своите сопственици во декември. Цената на Cupra Ateca со дволитарски TSI и седумстепен менувач со двојна спојка, со 300 КС и вртежен момент од 400 Nm, изнесува 42.850 евра на германскиот пазар. Спринтот на спортскиот СУВ со стандарден погон на сите тркала трае 5,2 секунди, крајната брзина изнесува 247 km/h.

cupra ateca

Во стандардната опрема на Cupra Ateca спаѓаат виртуелен кокпит со дисплеј од 10,25 инчи. Купувачите имаат можност да доплатат за спортски сопирачки од Brembo и бандажи од 19 инчи во боја на бакар. За каросеријата стојат на располагање шест бои. Нарачките за моделот ги примаат овластените дилери на Seat. Во меѓувреме постојат повеќе од 100 дилери, коишто се специјализирани за новата спортска марка на Seat и на концернот Volkswagen.

Спортската изведба FR ја заокружува гамата на Seat Ateca

Ateca Cupra „фатена“ во фабричкиот двор на Seat

Електричната Cupra e-Racer првпат на тркачка патека

Претходна објаваSmart во издание на спортски двосед во Париз
Следна објаваSkoda Vision RS најавува возбудлива идна генерација на Spaceback

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here