Електричната Cupra e-Racer првпат на тркачка патека

Cupra e-Racer Zagreb

Новата спортска марка на Volkswagen за првпат го тестираше електричниот тркач Cupra e-Racer во неговата работна средина, на тркачка патека

Cupra e-Racer го доживеа своето огнено крштевање на тркачка патека во близина на Загреб. Целта беше да се провери како е ускладена тешката батерија со возилото. Досега се вршеа тестови на електриката, електрониката, батеријата, ладењето и погонскиот систем, но тоа беа одделни тестови. Во Хрватска за првпат се тестираше како работат заеднички сите овие компоненти, вградени во возилото.

Батеријата на тркачкиот автомобил со погон на струја се состои од 6.072 одделни тркалезни ќелии, што е еднакво на батерија од којашто може да се напојуваат 9.000 мобилни телефони. Со овој батериски капацитет се исполнуваат правилата за учество на Cupra e-Racer во новиот европски шампионат за туристички автомобили со електричен погон E-TCR (Electric Touring Car Races).

По успешното тестирање во Загреб, тимот ќе продолжи со усовршувањето на одделните системи и ќе се посвети на перформансите на возилото. Според Матијас Рабе, заменик шеф за истражување и развој во Seat, „со Cupra e-Racer сакаме да го подигнеме мотоспортот на следното ниво. Мотоспортот е еден од столбовите на Cupra и горди сме на тимот што го овозможи овој електричен тркачки автомобил.“

[FAG id=33446]

Претходна објаваСе враќа „злобната тревокосачка“ на Honda
Следна објаваAudi поставува пластични острови во Ротердам

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here