
Марката со малечките автомобили се соочува со проблеми пред италијанскиот суд. Поради збунувачка реклама, Smart мора да плати парична казна во висина од 200.000 евра.
Германскиот концерн Daimler ќе плати казна поради објавување на збунувачка реклама во Италија. Казната во висина од 200.000 евра е изречена поради рекламен спот за Smart. Според организацијата за заштита на потрошувачи Кодичи, производителот погрешно наведувал во рекламниот спот дека при купување на Smart ги презема трошоците за осигурувањето на возилото. Реално станувало збор само за попуст во продажната цена на Smart.















