за

Skoda испраќа 250 возила на Тур де Франс

Skoda уште од 2004 година е неизоставен дел од најважната велосипедска трка во светот, ангажманот во целата организација е многу поголем отколку што се претпоставува.

Skoda испраќа 250 возила на Тур де Франс
Skoda испраќа 250 возила на Тур де Франс

Тур де Франс е најважната велосипедска трка во светот, и покрај Олимписките Игри и Светското фудбалско првенство, претставува најголем спортски настан во глобални рамки. Од првиот Тур во 1903 година, настанот е тесно поврзан со автомобилите. Магазинот „L’Auto“ во тоа време бараше начини да го зголеми тиражот и организираше „Grande Boucle“ низ Франција за првите 60 велосипедисти. Со текот на времето, производителите на автомобили открија дека Тур де Франс е одлична бина за претставување на своите модели.

Годинава се вози од 29-ти август (старт во Ница) до 20-ти септември (Париз). Skoda е партнер на трката уште од 2004 година и има договор за снабдување на организаторите и некои тимови со возила до 2023 година. Чешкиот производител го подржува настанот со 250 возила.

Најважниот автомобил во возниот парк секако му припаѓа на шефот на турата Кристијан Прудом, кој го следи пелотонот во посебно подготвен Skoda Superb. Црвената лимузина служи како подвижен контролен центар, за раководството преку скапа комуникациска техника да може во секое време да интервенира во одвивањето на трката. Superb вози последен и единствен автомобил е што ја минува етапата зад велосипедистите. Уште бројни други возила на Skoda служат за пренесување на радио врската до тимовите.

Во тимот на Skoda се вклучени и 20 техничари кои се грижат за техничката исправност на возилата, кои трпат големи оптоварувања, главно поради бавното возење во услови на летна жега. Технички дефекти на возилата на Skoda, и покрај тоа, немало во сиве години. Единствено имало каросериски оштетувања или кршење на ретровизорите. Потребните делови се превезуваат во три сервисни камиони.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Постојаното појавување на моделите на Skoda на тв-екраните за време на трката секако дека постигнува важен удел во популарноста на марката. Логото на марката се наоѓа и на зелените трикоа на најдобрите спринтери, кои се качуваат на подиумот по секоја етапа. Покрај тоа, неколку часови пред трката, Skoda пушта колона од свои возила да дефилираат пред публиката што ја следи трката на лице место. Годинава тоа ќе изостане, поради пандемијата.

Возачите на автомобилите на Skoda на Тур де Франс минуваат посебна обука, заради безбедност на пелотонот и на публиката. Тие мора да внимаваат целосно и да не дозволуваат гледачите да им го одвлечат погледот.

Велосипедите, патем, имаат најдлабоки корени во историјата на марката од Млада Болеслав, уште во времето кога основачите Вацлав Лорин и Вацлав Клемент започнаа со производство на велосипеди пред 125 години.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Touareg V8 „Last Edition“

Touareg со дизел V8 заминува со спец-серија од 400 примероци

Пазарот на користени возила во Британија преполовен поради корона

Пазарот на користени возила во Британија преполовен поради корона